Мадона со гол задник, Ријана како торта, Ким Кардашијан во пењоар на Греми 2015 (фото)

Синоќа, во Лос Анџелес се случуваше најважната музичка ноќ во годината. Но, 57-те Греми награди дефинитивно беа и одлика на невкус и избројаа најмалку 10тина модни грешки.

madona-so-gol-zadnik-rijana-kako-torta-kim-kardashian-vo-penjoar-na-gremi-2015-foto-01.jpg

Помеѓу најкатастрофално облечените беа поп кралиците Мадона и Ријана, а на нив им се приклучија старлетата Ким Кардашијан и младата Мајли Сајрус.

56-годишната Мадона одбра Givenchy корсет, кожни ракавици, мрежести хулахопки и високи чизми над колена. Но, со текот на годините изгледа ексцентричноста веќе не и поминува. Плус, никој не беше воодушевен од голиот задник на црвениот тепих.

Убавицата од Барбадос пак, направи модна утка со розовиот помпезен фустан во кој изгледаше како огромна торта покриена со розов шлаг.

А, затоа што ниту една листа нема да биде целосна ако на неа не се најде Ким, златниот пењоар дефинитивно вреди да се спомене. Креација на Jean Paul Gaultier која не помина најгламурозно.

Мајли Сајрус пак, очигледно не се трудела да изгледа елегантно и гламурозно, па црниот макси фустан со дупки по страните, не ги воодушеви присутните.

Би можело да ве интересира:

Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026 Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Марго Роби го износи најсмелиот фустан на црвениот тепих - илузија на голо тело со видлива танга и К... На премиерата во Лондон, Марго дојде со својот филмски партнер, Колин Фарел - до...
Ирена Спировска во елегантна тоалета, Благица Павловска во светкав фустан - Што носеа учесниците на ... Водителката Ирена Спировска носеше долга тоалета во боја на лаванда, додека Мари...

Најчитани неделава