13 ненапишани правила кои секој маж во костум треба да ги почитува

Постојат непишани правила околу носењето на костум кај мажите кои треба да ги почитуваат, доколку сакаат да изгледаат елегантно, наместо смешно.

14-nepisani-pravila-koi-sekoj-maz-vo-kostum-treba-da-gi-pocituva-01.jpg

Ова се тие 13 правила кои секој маж во костум треба да ги почитува, пред да го облече.

1. Ширината на вратоврската секогаш треба да е иста со ширината на реверот.

2. Потенките ревери се помодерни, пошироките се „стара школа".

3. Џебното марамче на костумот ќе ви даде пософистициран изглед, сè додека не е во иста боја со вашата вратоврска.

4. Никогаш не одбирајте црн костум наместо сив или темно син, освен ако не присуствувате на гала вечер.

5. Коланот на панталоните секогаш треба да биде во иста боја со вашите чевли.

6. За лежерна комбинација преку ден, секогаш одбирајте костум со едно копче на средина.

7. Доколку сакате да делувате попрофесионално, под костумот секогаш носете елече кое ќе биде закопчано до последно копче, а  костумот не треба воопшто да го закопчувате.

14-nepisani-pravila-koi-sekoj-maz-vo-kostum-treba-da-gi-pocituva-02.jpg

8. Секогаш откопчувајте го костумот пред да седнете, доколку не сакате да го истуткате.

9. Ако носите само елече без горниот дел од костумот, секогаш последното копче оставете го откопчано.

10. Ракавите на кошулата секогаш треба да бидат извадени надвор 1 до 2 сантиметри.

11. Облекувајте црни чорапи за црн костум, бели за бел, црни за сите останати потемни нијанси, но внимавајте секогаш да се доволно долги за да не издаваат воопшто кожа кога ќе седнете.

12. Вратоврската секогаш треба да е во потемна нијанса од вашата кошула.

13. Палтото од костумот секогаш треба да е доволно долго да го покрие патентот на панталоните и вашиот задник.

Би можело да ве интересира:

Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...
Сатенско здолниште од ZARA во 7 бои е пролетен хит – како да го носите? (фото) Ова ZARA здолниште се продава за 1.490 денари, доаѓа во 6 бои и ќе биде пролетен...

Најчитани неделава