Храбри момци и шарени чорапи

Момците кои ја следат модата и го негуваат својот индивидуален стил на облекување, веруваат во тоа дека бојата на чорапите игра значајна улога.

 

Просечните момци не трошат многу време при купување на чорапи. Шарените модели со јаки бои општо земено се избегнуваат и на крајот, обично се одлучуваат за практично пакување, кое содржи три пара црни или сиви чорапи.

Најхрабрите членови од посилниот пол со одобрување го дочекаа најновиот тренд кој го наметнуваат светските познати дизајнери. Тие велат дека токму со чорапите, момците можат да го истакнат својот индивидуален стил, кој инаку е многу досаден, а опфаќа фармерки, маици, кошули и класични костуми.hrabri-momci-i-sareni-corapi1

Дизајнерите од неодамна на модната писта пуштија многу модели кои на нив носеа чорапи со повеќе розеви нијанси, сини, зелени, црвени и жолти чорапи, кои одат добро во комбинација со класичнен костум за на работа, како и со одлични стандардни бермуди.

Трендот на носење шарени чорапи во секоја прилика има потекло од Англија, каде што господата уште од 1920 година пробувале да го "размрдаат" строгиот британскиот кодекс на облекување.

Производителите на чорапи исто така потврдија дека шарените модели од неодамна се продаваат подобро.

Стив Монаган од Happy Socks вели: "Чорапите се уникатен додаток во модата. Ние го препознавме овој тренд и се специјализиравме кон производство на шарени и откачени модели."

Производителите сметаат дека најголемиот проблем се наоѓа во предрасудите и конзервативен стил кој им се наметнува на мажите.

Сепак, дизајнерите се согласуваат со модните критичари дека овој моден тренд само што не ја започнал својата инвазија, а на сите храбри мажи им се препорачува да бојата на чорапите да се вклопува со бојата на вратоврската.

Би можело да ве интересира:

За најхрабрите: Како да носите високи чорапи (со жартиери), а да не изгледате вулгарно? Ако сте храбри или ако сакате да експериментирате со стилот, тогаш зошто да не н...
19 години подоцна: Светска пејачка во фустанот што Катарина Ивановска го носеше на ревија во 2006-та Во 2006-та Катарина продефилира во фустанот на Roberto Cavalli на ревија, потоа ...
Што облекоа гостите на забавата на „Убавина и здравје“ во Скопје? (фото) Викторија Лоба, Чарна Невзати, Марис Џолин, Октај Сејди, Светлана Црнокрак се са...
14 одлични идеи како да носите боб-фризура во есен 2025 Ако сте подготвени за промена на фризурата - вистинскиот избор оваа есен ќе биде...
Ревиите на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025 На 11 октомври, модата продолжи да дише. Вториот ден започна со емоција ома...
Седум модни парчиња што ќе бидат популарни во текот на целата година Кожена јакна која веќе е класика, чевли со отворена пета и ремче, но и елегантна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg