Што прават жените со беспрекорен стил секојдневно?

Добриот стил не се гледа во количината на гардеробата која ја имате, туку во начинот на кој истата ја носите. Тоа значи дека секое парче мора да биде чисто, испеглано и уредно, останатото е право на избор.

sto-pravat-zenite-so-besprekoren-stil-sekojdnevno-02.jpg

Најголемиот парадокс на добриот изглед е исто така што накитот, чантата или чевлите не мора да бидат скапи за да делуваат така.

Ова се само дел од тајните на жените кои секој ден се беспрекорно облечени:

1. Бираат совршени модни додатоци

Кога се работи за аксесоари и додатоци, секогаш ги одбираат последни. Како и вие да знаете колку накит е доволно? Откако ќе се облечете, ставете на себе сè што би сакале да носите - прстен, шал, нараквица... а потоа погледнете се во огледало. И потсетете се дека помалку е повеќе.


2. Никогаш не јадат во скапа облека

Причината заради која облеката им е секога чиста е тоа што не ручаат и вечераат во скапиот свилен фустан или сакото за на работа. Прво што прават кога ќе дојдат дома е облекувањето на тренерки или хеланки.

sto-pravat-zenite-so-besprekoren-stil-sekojdnevno-01.jpg

3. Уредно ја чуваат гардеробата

Ако блузите и фармерките ги фрлате на под штом ги соблечете, не само што ќе ги изгужвате, туку и ризикувате да ги искинете. Стекнете навика да ги ставате во гардеробер веднаш штом ги соблечете за да ги сочувате од оштетување.


4. Знаат кога треба да облечат високи потпетици, а кога патики

Ниту една жена нема да изгледа стилизирано ако низ улица или парк се влече со високи потпетици. Модерните жени се воедно и многу паметни, па покрај софистицираните чевли имаат неколку пара балетанки, римјанки, патики...


5. Ја разделуваат гардеробата која се пере во машина од онаа за на хемиско

Едноставно е, купете две пластични корпи и разделете ја облеката. На овој начин нема да заборавате да ја исперете или однесете на хемиско, со што секогаш ќе ја одржувате чиста и беспрекорна.

sto-pravat-zenite-so-besprekoren-stil-sekojdnevno-03.jpg

6. Секогаш имаат прибор за шиење при рака

Без оглед на тоа колку сте се подготвиле, незгоди се случуваат. Затоа, при рака секогаш имајте игла, конец и мали ножички.


7. Верни се на личниот стил

Шик дамата никогаш не се поклонува пред трендовите. Секогаш се држи до класичната облека и знае што и прилега, а што не. Плус, свесна е дека истата облека не се носи на работа, по дома и за излегување.

Би можело да ве интересира:

Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...

Најчитани неделава