Направи сама: Здолниште од тул

Можеби отсекогаш сте го посакувале добро познатото здолниште од тул на Кери Бредшо, но никогаш не сте имале можност да го имате и вие лично во својот гардеробер.

napravi-sama-zdolnishte-od-tul-01.jpg

Дополнителен плус на модниот изглед на оваа икона е што овој тип на здолниште пред неколку сезони повторно се врати во мода, па ако сакате и вие здолниште од тул нема потреба да се грижите. Многу лесно сами можете да го направите.

Што ви е потребно?

  • Тул
  • Шема за кроење
  • Ножици
  • Ластик
  • Конец
  • Игли

Целиот процес започнува со подготовката на Шемата за кроење која треба да се согласува со вашите лични мерки. Потребно е да ја направите во облик на крофна. За тоа ќе ви биде потребна поголема хартија која ќе можете да ја поделите на четвртини.

Ширината на хартијата треба да биде еднаква со висината на здолништето кое сакате да го направите.

Измерете ја широчината на вашата половина. Поделете ја со 6.28. Добиениот резултат ќе го претставува внатрешниот круг. Ставете го метрото на крајот каде се превиткува хартијата и со кружно движење означете ја мерката од добиениот резултат.

Потоа со истото кружно движење означете го и крајот на здолништето. Добиената шема изгледа вака:

napravi-sama-zdolnishte-od-tul-1.jpg

Погледнете како изгледа остатокот од подготовката на здолништето:

napravi-sama-zdolnishte-od-tul-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Мини, ленени, проѕирни: Модели на здолништа што ќе ги гледаме насекаде ова лето Од класично бело или црно, до мини здолниште со висок струк – што ќе биде во тре...
8 модни формули со здолниште, идеални за (рана) есен Плисирано здолниште и џемпер, со високи чорапи и балетанки – идеална комбинација...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
8 предлог комбинации со плетено здолниште за есен и зима Долго плетено здолниште со UGG чизмички или, пак, плетено мини здолниште со широ...
Сатенско здолниште од ZARA во 7 бои е пролетен хит – како да го носите? (фото) Ова ZARA здолниште се продава за 1.490 денари, доаѓа во 6 бои и ќе биде пролетен...

Најчитани неделава