Хранливи третмани за коса

hranlivi-tretmani-za-kosa-povekjeДоколку вашата коса е сува, оштетена или безживотна не очајувајте - решението се наоѓа во вашата кујна. Еве неколку хранливи третмани кои на...

 

...косата ќе и ја вратата свежината и сјајот.

1. Мајонез

Доколку сакате да ја омекнете косата и да и го вратите сјајот, мајонезот е вистинското решение. Нанесете на косата многу тенок слој мајонез, оставете го да делува 30 минути и потоа измијте ја косата како и обично.

hranlivi-tretmani-za-kosa

За длабоко регенеративно делување, ставете капа за туширање откако ќе ја намачкате косата со мајонез и оставете да делува барем два часа.

Исто така мајонезот помага и доколку случајно ви се залепила мастика во косата, само тријте ја косата премачкана со мајонез и мастиката ќе се одлепи без да ја оштети косата.

2. Оцет

Оваа киселина со векови е користена како тоник кој дава здравје, а кога станува збор за косата таа има неверојатна снага за отстранување на целиот талог и сите нечистотии насобрани на влакната од косата.

Додајте една кафена лажичка оцет во последната вода за плакнење на косата , а доколу имате осетливо теме или проблеми со првутот пред шампнирањето лесно втријте во самото теме малку јаболков оцет.

Покрај отсранувањето на нечистотиите од косата, оцетотот исто така ја регенреира кожата на главата.

3. Авокадо

Маската од авокадо е неверојатно благотворна, помешајте авокадо, една белка од јајце и малку маслиново масло и смесата добро вмасирајте ја во косата.

Оставете да делува 30 минути и потоа измијте ја косата и нанесете регенератор како и обично. Резултатот е неверојатно сјајна коса.

4. Јајца

Изматете белка од две јајца и после шампонирањето втријате ја во косата. Оставете да делува 15-тина минути и потоа добро измијте ја косата.

Овој третман ги зајакнува и освежува фоликулите на влакната, а резултатот е сјајна коса со поголем волумен. Можете да пробате и маска од белки, маслиново масло и 150 ml топла вода.

5. Пиво

Некои го користат пивото како зацврстувач за коса, но нашиот совет е да го користите како регенератор.

Косата измијте ја со шампон како и обично, а после плакнењето полијте ја косата со пиво и добро измасирајте ја од коренот до врвовите. Потоа добро исплакнете ја со ладна вода за да не остане мирисот на пиво.

Резулатот е сјајна коса со одличен волумен.

Би можело да ве интересира:

Предлог комбинации со кафеава боја – безвременска класика што е идеална за зима (фото) Тешко е да направите модна утка  со кафеава боја бидејќи лесно се комбинира...
8 летни парчиња облека што ги има во гардероберот на секоја тренди девојка Капри панталони, облека и додатоци со реси, но и шорцови кои изгледаат како пижа...
Dolce&Gabbana направи чанта во форма на сувенир од Фонтаната Треви – би ја носеле ли? Совршено и прецизно изработена, со релјеф, текстури и форми кои беспрекорно ја д...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Урбани дами, кул девојки: Уличната мода во Скопје во лето 2025, низ папарацо фотки на Инстаграм проф... Од дами облечени во тон со својот цветен велосипед до млади и урбани девојки со ...
Модата на Златна Бубамара 2026 - Кристина Димитри со шлиц кој не се одминува, Владо Јаневски е поим ... Иво Јанковски и Ирена Спировска модно издоминираа во публиката, но кој остави на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg