Dolce&Gabbana направи чанта во форма на сувенир од Фонтаната Треви – би ја носеле ли?

Совршено и прецизно изработена, со релјеф, текстури и форми кои беспрекорно ја доловуваат архитектурата на фонтаната, но и флуидноста на водата – Dolce&Gabbana го претвори симболот на Рим во ремек-дело во форма на чанта.

dolce-gabbana-napravi-chanta-vo-forma-na-suvenir-od-fontanata-trevi-bi-ja-nosele-li-01.jpg

Еден од најпознатите и најлегендарните симболи на Рим, Фонтаната Треви, е отсликан во најновата колекција на Dolce&Gabbana.

Доменико Долче и Стефано Габана прават Алта Мода колекции веќе 12 години, а оваа година, шоуто се одржа на локација каде знаменитостите и рушевините се претворија во модна писта.

Колекцијата беше инспирирана токму од Рим, а на своите креации, на уникатен начин тие „оживеаја“ голем број скулптури и знаменитости кои се главен симбол на вечниот град.

Па така, најпознатиот симбол на Рим, Фонтаната Треви уште еднаш стана ремек-дело, претставено на долго палто, правено со специјални техники за да изгледа така беспрекорно. 

Но, освен што беше пресликан на палто, овој легендарен симбол беше претворен и во чанта.

Дизајнот на чантата првично изгледа како скулптура и сувенир од Фонтаната Треви, а изработен е совршено, со внимание на секој детаљ.

dolce-gabbana-napravi-chanta-vo-forma-na-suvenir-od-fontanata-trevi-bi-ja-nosele-li-02.jpg

Визуелно, овој моден додаток е тридимензионална минијатурна верзија на фонтаната Треви, прецизно изработена во релјеф, со текстури и форми кои ја доловуваат флуидноста на водите од фонтаната, како и архитектонските детали.

Делото буквално го отсликува римскиот луксуз и ценењето на висококвалитетната изработка – централни теми на оваа колекција.

dolce-gabbana-napravi-chanta-vo-forma-na-suvenir-od-fontanata-trevi-bi-ja-nosele-li-03.jpg

Раскош и парче архитектура во дланка – би го носеле ли ова ремек дело?  

dolce-gabbana-napravi-chanta-vo-forma-na-suvenir-od-fontanata-trevi-bi-ja-nosele-li-04.jpg

dolce-gabbana-napravi-chanta-vo-forma-na-suvenir-od-fontanata-trevi-bi-ja-nosele-li-05.jpg

dolce-gabbana-napravi-chanta-vo-forma-na-suvenir-od-fontanata-trevi-bi-ja-nosele-li-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Чанта од 20.000€, скапи дизајнерски парчиња - Колку чини облеката што ја носи Александра Пријовиќ? Гардеробата на Пријовиќ привлекува толкаво внимание, што на Инстаграм постои и п...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
8 есенски парчиња за жени над 40 со кои секогаш ќе изгледате тренди Палто од велур, широки дебели панталони, но и плетен комплет. Палто од велур,...
Кога свекор ти е моден император: Раскошната свадба на синот на Ели Сааб – невестата смени 3 венчани... Кога неприкосновениот император на високата мода е свекор на невестата, не доаѓа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg