Трикови кои ќе ви ги сочуваат чевлите како нови

Постои голем број на модни трагедии кои може да ни се случат, но изгледа уништените чевли се најголемата.

trikovi-koi-ke-vi-gi-socuvaat-cevlite-kako-novi-0001.jpg

За омилените чевли да ви издржат подолго и да ви изгледаат нови и сочувани, следете ги овие совети.

1. Одберете ја вистинската големина

Иако не е трик, првата работа која мора правилно да ја направите е изборот на број. Квалитетните материјали се голем плус, но и да се одлучите за поевтина варијанта, точниот број е клучот. Кога носите помал број, и вашите нозе и чевлите трпат непријатни промени.


2. Однапред намалете ја штетата

Заштитете ги превентивно, без разлика од каков материјал се. Постојат голем број на препарати и спрејови со кои може да ги испрскате чевлите пред да ги облечете.


3. Избегнувајте да ги носите два дена по ред

Дајте им одмор на вашите чевли. На тој начин ќе се исушат од влагата и нема да се рашират. Затоа што кога еднаш материјалот ќе се растегне - нема назад.

trikovi-koi-ke-vi-gi-socuvaat-cevlite-kako-novi-02.jpg

4. Залепете гума на ѓонот

Гумената заштита може да ја залепите сами или да ги однесете обувките на чевлар. Освен тоа што ѓонот ќе остане сочуван, полесно ќе одите.


5. Одврзувајте ги пред да ги соблечете

Барем еднаш сите на сила сме ги соблекле омилените патики или чевли пред да ги одврземе и со тоа сме го растегнале материјалот.


6. Негувајте ги чевлите

Вложете во креми и четки - така по секое носење ќе им го вратите сјајот.


7. Чувајте ги правилно

Штом дојдете дома ставете ги на место. И тоа место не би требало да е шкаф во кој само ќе ги фрлите, туку средени полици на кои секој пар ќе си има свое место. На овој начин ќе го спречите гребењето и оштетувањето од било каков тип.

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...

Најчитани неделава