5 главни машки модели на чевли за оваа есен

Како што температурите се спуштаат, така на ред доаѓаат топлите џемпери и долгите панталони кои најдобро одат со високи и нешто потопли чевли и чизми.

5-glavni-maski-modeli-na-cevli-za-ovaa-esen-01.jpg

Ако сте маж кој сака да биде во тренд, оваа есен би требало да ги имате на располагање овие 5 модели во шкафчето со чевли:

1. Високи патики

Старките и летните платнени патики сега заменете ги со потопол модел. Патиките до глужд лесно се комбинираат со омилените фармерки и тренерки, па затоа одговараат за секоја опуштена прилика. Задолжителни се, посебно ако сте маж кој негува спортски стил.

5-glavni-maski-modeli-na-cevli-za-ovaa-esen-02.jpg


2. Моторџиски чизми

Чизми кои најдобро ќе се вклопат со омилената кожна јакна, малку пошироките фармерки и карираната кошула. Изгледот на лошо момче и бунтовник е посебно модерен оваа есен.

5-glavni-maski-modeli-na-cevli-za-ovaa-esen-03.jpg


3. Челзи чизми

Далеку поелегантни од моторџиските, овој едноставен модел одлично оди со цевка фармерки и панталони. Уште ако се во иста нијанса како палтото, тогаш сте направиле моден погодок.

5-glavni-maski-modeli-na-cevli-za-ovaa-esen-04.jpg


4. Ниски чевли од превртена кожа

Ниските чевли со врвки, изработени од превртена кожа се фантастичен финиш на секоја елегантна и деловна комбинација. Одберете тегет, кафени или црни чевли, зависно од останатата облека и износете ги на сите деловни или вечерни состаноци. Единствено треба да имате на ум дека не се за дождливо време.

5-glavni-maski-modeli-na-cevli-za-ovaa-esen-05.jpg


5. Жолти чизми

Сигурни сме дека веќе ги имате, затоа што жолтите чизми се апсолутен хит со години. За сите спортски и опуштени варијанти кога ви треба малку комоција и топлина - тие се совршениот избор.

5-glavni-maski-modeli-na-cevli-za-ovaa-esen-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...

Најчитани неделава