6 грешки кои ги правите кога го бирате и облекувате градникот

Изборот на несоодветен градник не само што може да предизвика чувство на непријатност и изгледа лошо, туку може да предизвика и сериозни здравствени проблеми. Токму затоа важно е да внимавате дали го носите соодветниот градник за вас.

6-znaci-deka-gradnikot-go-nosite-sosema-pogreshno-01.jpg

1. Потрошете повеќе пари

Купувате градник од пазар кој знаете дека ќе стане неупотреблив во само еден месец или затоа што едноставно ви се допаѓа декорацијата или затоа што сакате да купите повеќе пара и да заштедите пари?

Подобро е да купите еден или два квалитетни и поскапи градници кои ќе ви траат со години и кои ќе ви бидат удобни и пријатни за носење.

6-znaci-deka-gradnikot-go-nosite-sosema-pogreshno-1.jpg


2. Внимавајте на прерамките

Погледнете се во огледало и забележете како изгледаат прерамките – престегнати или опуштени? И двата случаи не се добри за одржување на обликот на градите, наместете ги така што вашите гради нема да излегуваат од корпата, ниту пак ќе имате рани на рамениците по соблекувањето на градникот.

6-znaci-deka-gradnikot-go-nosite-sosema-pogreshno-2.jpg


3. Внимавајте и на корпата

Како што е случајот со прерамките, така е и со корпата. Ако истата е преголема, ќе се познава и кога ќе облечете маица што не изгледа убаво. Таков е случајот и со премалите корпи од кои излегуваат вашите гради и се познаваат преку маицата.

6-znaci-deka-gradnikot-go-nosite-sosema-pogreshno-3.jpg


4. Премал градник

Како што напоменавме, ако корпата е премала вашите гради ќе излегуваат од неа. Сè додека вашите гради излегуваат од корпата знаете дека носите мал градник.

6-znaci-deka-gradnikot-go-nosite-sosema-pogreshno-4.jpg


5. Никој не сака да го види вашиот градник

Не станува збор за носење розов градник на бела маичка, туку за отцртување на корпите затоа што вашиот градник е преголем.

6-znaci-deka-gradnikot-go-nosite-sosema-pogreshno05.jpg


6. Одлучете се за градник без прерамки

Ако се одлучите за маичка или фустан со гол грб бидете сигурни дека во гардероберот имате градник со прерамки кои лесно можете да ги придвижувате за да не се познаваат.

6-znaci-deka-gradnikot-go-nosite-sosema-pogreshno-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Александар Тарабунов - впечатлив, дамите во корсети и класични модели: Што облекоа гостите на Моден ... Сања Савеска и Марјана Станојковска се решија за класика - црни фустани, Агнеса ...
8 летни парчиња облека што ги има во гардероберот на секоја тренди девојка Капри панталони, облека и додатоци со реси, но и шорцови кои изгледаат како пижа...
Како да ги носите летните слип фустани во зимски комбинации? Ако премногу ги сакате лесните слип фустани за да ги ставите под кревет, имаме п...
8 предлог комбинации со џемпер без ракави – идеални за есен Џемперите без ракави изгледаат совршено со кошула, а потоа можете да ги комбинир...
Единствената боја која ќе биде насекаде во 2026 – ледено сина за софистициран моден впечаток Ледено сината боја е хит во 2026 и веќе многумина почнуваат да ја вметнуваат во ...
Мини, ленени, проѕирни: Модели на здолништа што ќе ги гледаме насекаде ова лето Од класично бело или црно, до мини здолниште со висок струк – што ќе биде во тре...

Најчитани неделава