Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


За прв пат на 12 FWSK: Kigili - бренд за урбаните и префинети мажи

Модерен и авантуристички, наменет за самоуверени мажи со динамичен животен стил, брендот Kigili за прв пат се претстави пред македонската публика со уникатна, тренди колекција за сезоната есен - зима 2015/2016...

za-prv-pat-na-12-fwsk-kigili-brend-za-urbanite-i-prefineti-mazi-001.jpg

Овој интернационален бренд со потекло од Турција, кој се стреми за беспрекорен квалитет и уникатен дизајн уште од 1938та година, на есенскиот 12. Моден викенд во Скопје, го најави своето претстојно доаѓање во Македонија. Kigılı се претстави со својата колекција за актуелната сезона есен-зима 2015, која изобилува со свежи, оригинални парчиња, за буквално секоја прилика на урбаните мажи. Стилските и удобни комбинации прикажани на модната писта, беа спој на елеганција и комфорност и покажаа дека мажите можат да изгледаат моќно и елегантно, како во формалните изданија, така и при секојдневните пригоди.  

Со совршен спој на лежерност и префинетост во неа, колекцијата „Kigili есен-зима 2015“ претстави сублимат од четири различни теми: „Душата на авантуристичкиот патник“, „Урбан номад“ , „Динамичен град“ и „Луксузна машка облека“. Карактеристично за целата колекција е дека таа во голем дел е инспирирана од ерата на 1970-тите,  модна епоха која моментално е фокус и инспирација на многу дизајнерски колекции, во тековната сезона во светот на модата. Иако ретро нотата беше очигледна, сепак колекцијата има сопствен модерен печат и внесува свежина во машката мода. Како што зборува и самото име, Kigili авантуристичкиот патник е дизајниран за мажите кои трагаат по адреналин и патувања, го ценат комфорот но сепак сакаат да изгледаат модерно во секоја пригода. Удобните карирани кошули и фармерки, надополнети со елеци и плетени џемпери за студеното време со модерен крој, го потенцираа слободниот дух и енергијата на авантуристот.

Kigili урбаниот номад се чини дека е атлетски тип кој ја сака природата и е карактеристичен по слоевитите комбинации со еклектичен изглед, кои се изработени од природни материјали како памук, волна и кашмир, во едноставни кроеви  со беспрекорна изведба.

Лежерниот дел од Kigili колекцијата - Динамичен град прикажа удобни, едноставни креации со геометриски колор блокови кои му даваат урбан изглед на современиот маж. Луксузната Kigli колекција пак е наменета за мажи со префинет стил а се состои од слим –фит панталони, палта, кошули и костими во палетата на темно сината, сивата и црната боја, за бизнис и формални пригоди.

Носител на брендот Kigili во Македонија е компанијата Веибо Груп, интернационална компанија од областа на текстилната индустрија, специјализирана во масовно производство на машка облека, со производствени погони и дизајнерски работилници во Кина, Камбоџа, Турција и Македонија.

Македонија е мала земја, но македонските мажи се модно разбудени, ги следат трендовите и негуваат убав стил. Токму затоа го носиме Kigili во Македонија. Kigli e многу модерен и софистициран, но тој е пријателски и допадлив бренд. Пријателски, бидејќи ги следи потребите што ги диктира брзиот животен стил и има широк асортиман на облека, чевли и модни додатоци, а сепак има достапни цени, кои ќе го штедат буџетот на македонските купувачи. Допадлив, бидејќи ги следи светските трендови, нуди одличен квалитет со навистина модерен и оригинален дизајн. Во моментов се подготвуваме за влезот на Kigili на македонскиот пазар. При првата недела од ноември ќе ја отвориме нашата прва продавница во Скопје Сити Мол, а кратко потоа и продавницата во центарот на градот, на булеварот Партизански одреди, наспроти Соборниот Храм во Скопје. Македонија ја одбравме како појдовна дестинација и до крајот на 2016 година планираме да отвориме вкупно дваесет продавници во регионот, изјави г-динот Иршат Канџа, директор на Веибо Груп Македонија и партнер-основач на групацијата Веибо Груп.                     

za-prv-pat-na-12-fwsk-kigili-brend-za-urbanite-i-prefineti-mazi-2.jpg

За Kigili:

Брендот Kigili e основан во 1938 година во Турција. Денес, Kigili има 225 продавници во 66 градови во Турција, а исто така е застапен низ светот, поточно во Австрија, Франција, Иран, Ирак, Азербејџан, Грузија, Туркменистан, Киргистан, Казахстан и Кина.

Би можело да ве интересира:

Мокасини + чорапи: Хит комбинација која ја обожаваат и Македонките Чорапите се хит парче кое успешно ја поткрева комбинацијата со мокасини на пософ...
„Мокрите“ фустани со кои Јелена Розга издоминира на концертите (фото) Моделот е навистина тесен и со специфичниот принт изгледа како да е воден. Уника...
6 начини да комбинирате ремен со облеката и секогаш да бидете со стил Џемпер-фустан, панталони со висок струк, фармерки и плетен џемпер - сите овие па...
6 модни додатоци со кои ќе бидете тренди во 2025-та (фото) Животинскиот принт е сеприсутен и ако не го сакате на облека, вреди да му дадете...
7 вида обувки кои вредат „за сите пари“ - може да се комбинираат со сè Апостолки, бели патики - кои обувки може да ги комбинирате со секаква облека и д...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg