Levi’s брендот се здружи со Алиша Кис за лансирањето на новата женска џинс колекција

Новата кампања на Levi’s® брендот се гради околу темата „Живеј во Levi’s®“, заедно со глабалниот артист, мулти-Греми победнички пејач и текстописец, продуцент и активист -  Алиша Кис која го позајми својот препознатлив глас и стил на Levi’s® брендот за дебитирање на целосната нова, транформирана, женска џинс колекција. Levi’s® брендот нема само да го прикаже уникатниот персонален стил и индивидуалност на Алиша, но исто така ќе го претстави нејзиниот моќен глас преку ексклузивната песна која служи како тонски запис на кампањата насловена како „28.000 денови“.

levis-brendot-se-zdruzi-so-alisha-kis-za-lansiranjeto-na-novata-zenska-dzins-kolekcija-01.jpg

„Кога сте веродостојни на самите себеси, многу сте горди и моќни. Дојдов до сознание дека сум „џинс девојка“. Се чувствувам најсамоуверено, најудобно, секси и силно во моите фармерки“ - вели Алиша Кис. Levi’s® е за секоја жена... има по нешто за секого... како и во музиката, Levi’s® ги зближува луѓето од сите животни патишта и култури поблиску.“

Повеќе од 80 години, жените носат Levi’s® за да се чувствуваат самоуверено и силно, за да го изразат својот бренд на оригиналност и персонален стил. И за 80 години, брендот се опседна да го направи совршениот женски пар џинс. Брендот ја измисли оригиналната фармерка во 1873 година - исконските 501, потоа ги креираше првите тексас фаррмерки за жени во 1934 година, револуцинионирајќи ја женската мода засекогаш. Осум декади Levi’s® поднаучи две-три работи за женското тело: како да ја опфати неговата форма, стилот кој сакаат да го носат жените и деталите што ги трансформираат добрите џинс во совршени.

За есен 2015, Levi’s® го собра сето знаење, го искомбинира со иновацијата и релевантноста на денешницата и направи макотрпно истражување со фановите насекаде во светотот за да креира трансформативна женска џинс колекција зацврстена во клучните фитинзи, стилови и детали кои жените ги сакаат. Употребата на најновите иновации во текстилот и технологиите на виткост, најнапредните растегливи и обновливи материјали, детали со автентичен потпис на Levi’s® и светски завршни потези, Levi’s®  ги креираше совршените џинс прикладни за секоја форма на тело.

levis-brendot-se-zdruzi-so-alisha-kis-za-lansiranjeto-na-novata-zenska-dzins-kolekcija-04.jpg

Не треба многу претставување на Алиша Кис. Таа е безвременски талент со автентичен глас и стил, кои ја прават идеален дел од Levi’s® брендот. Има добиено безброј награди од нејзиното дебитирање во 2001-та година, но нејзината емотивност и веродостојност ја направија глобална икона, почитуван филантропист и претставник на каузите во кои верува. 

Таа сака да ги инспирира и да се поврзе со нејзините фанови преку својот моќен и искрен глас.

levis-brendot-se-zdruzi-so-alisha-kis-za-lansiranjeto-na-novata-zenska-dzins-kolekcija-02.jpg

„Луѓето „живеат“ во своите Levi’s® откога го измисливме џинсот. Тие ги искусуваат сите авантури кои светот може да ги понуди, притоа искажувајќи го сопствениот бренд на автентичност и уникатен личен стил. Алиша Кис го отелотворува духот на брендот и го доведува во живот на инспиративен и резонантен начин за сите жени насекаде во светот“ изјави Џен Шеј, маркетинг директор на Levi’s® брендот. „Горди сме на нашата нова женска џинс колекција во соработка со Алиша. Таа навистина го репрезентира она што Levi’s® брендот го претставува.“

Најновата „Живеј во Levi’s®“ кампања продолжува да оддава почит на историјата од 140 години на постоење на брендот, кој е постојан продружник на оние кои ги носат фармерките и ги сакаат. Тие – од рок ѕвезди до претседатели, фармери до модни икони, претприемачи до секој човек. Кампањата ги спојува дигиталните и социјалните платформи, телевизијата, кинематографијата и печатените форми на глобално ниво, целејќи да ги вклучат и активирааат потрошувачите преку реални и виртуелни настани, како и преку мобилни и in-store искуства. Сите креативи го доловуваат духот на исконскиот Levi’s® бренд кој секогаш е олицетворение на настаните кои се случуваат во своето време.

Па, како живеете во Levi’s®?

#LiveInLevis

#LadiesinLevis

Levi’s® брендот може да го најдете во продавницата на Fashion & Friends во Скопје Сити Мол.

Би можело да ве интересира:

Нова Bridal колекција ESSENCE 2026 на модната креаторка Антонија Ристовска Bridal колекцијата ESSENCE 2026 е инспирирана од жената – од суштината на нејзин...
Shtip Fashion Days 2025 – INFINITY На 10 и 11 октомври Штип ќе биде центарот на бесконечен стил, градот ќе добие ед...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
Лејди Гага во фустан со пердуви на Греми, Калтрина Круезиу на моден настан во Скопје - Која е повпеч... Едната во жолт фустан со пердуви од колената надолу, другата во фустан целосно и...

Најчитани неделава