Лејди Гага во фустан со пердуви на Греми, Калтрина Круезиу на моден настан во Скопје - Која е повпечатлива?
Едната во жолт фустан со пердуви од колената надолу, другата во фустан целосно изработен од пердуви - иако се различни, двете дами изгледаат одлично. Но, која, според вас е повпечатлива?

На доделувањето на Греми 2026, Лејди Гага се појави во црн фустан со пердуви и го привлече вниманието со изгледот.
Но, нашата професорка по солфеж и инфлуенсерка, Калтрина Круезиу, носеше жолт фустан со пердуви уште во јуни 2025 и тогаш доби многу комплименти за изгледот.
Иако креациите не се исти - кај Калтрина само делот од колената надолу е со пердуви, а кај Гага целиот фустан е од пердуви, вклучувајќи ја и високата јака, заедничко им е што имаат „опашка“ која се влече.
Погледнете ги фотографиите и кажете ни - чија креација и изглед на црвениот тепих ви се повпечатливи?
Калтрина Круезиу




Лејди Гага




А. Ј. | Црнобело
