Исповед на модел: Нè третираат како објекти, нè бодат со игли и не ни даваат да одиме во тоалет

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа животот на еден модел? Јелена Бабиќ е топ модел кој открива сè за модната индустрија, без криење и на најмалите детали.

srpska-manekenka-otkriva-kakov-e-zivotot-na-eden-model-01.jpg

23-годишната Јелена досега се има појавено на многу модни ревии во Париз, Њујорк и Милан. Работела со најголемите дизајнерски куќи како „Dior“, „Chanel“, а открива како изгледа да се биде манекенка.

„Кога имав 15 години дојдов во Париз, живеев во стан со пет девојки во 20 квадрати. Спиевме на под на душеци, а околу нас имаше глувци. Сметката за станот ти се одбива од хонорарот“ - открива Јелена.

srpska-manekenka-otkriva-kakov-e-zivotot-na-eden-model-2.jpg

„Сите те третираат како објект кој нема право на свое мислење. Животот тогаш ти станува посуров и од тоа да бидеш во војска. Агенцијата ти дава неделен џепарлак, но тој е толку мал, што имаш доволно да се храниш само 4 дена“ - додава.

Замислете, немате доволно храна, а работата станува сè потешка и потешка, не само физички, туку и психички.

„Цел ден трчате за кастинзи, а кога е модна недела имате барем 15 дневно“ - објаснува.

srpska-manekenka-otkriva-kakov-e-zivotot-na-eden-model-3.jpg

Како што таа објаснува со часови стоите на високи потпетици, а потоа кога се враќате дома, немате ни вода за да се истуширате.

srpska-manekenka-otkriva-kakov-e-zivotot-na-eden-model-4.jpg

Пробите пред модните ревии се најлоши:

„Креациите се најважна работа за модниот дизајнер, па вие морате да стоите како кукла, додека тој на вас ги шие креациите. Ве боде со игли. Ако прашате дали можете да одите во тоалет, тие те прашуваат „А, мораш?“. Ве соблекуваат додека е ладно, а ве облекуваат кога надвор е жешко. Изгубив чувство за сè, ама на моето лице тоа не смееше да се забележи“ - објаснува манекенката.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марјана Станојковска во „гол“ фустан, Агнеса во впечатливи сандали - Што облекоа гостите на Influenc... Забавата беше замислена како вечер под маски, па гостите својот стајлинг го комб...
Осум тренди парчиња што ви се доволни за да го поминете целото лето Ленените панталони се задолжително летно парче, исто како и едноставната еднобој...
Модна инспирација од Македонки: Идеи за аутфити ако сте гостинка на свадба наскоро Од долги монохроматски креации до куси, смели избори... Ако ви претстои свадба, ...
8 предлог комбинации со џемпер без ракави – идеални за есен Џемперите без ракави изгледаат совршено со кошула, а потоа можете да ги комбинир...
Модни парчиња што секоја жена над 30 треба да ги има (бидејќи се комбинираат со сè) Квалитетни рамни чевли, сако во неутрална боја, како и фармерки со рамен крој. ...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...

Најчитани неделава