Како да го спречите растекувањето на шминката во лето?

Со летото во полн ек, имате чувство како да се варите во котел, што дури и тенките парчиња облека на себе ви се вишок. Сите едноставно посакуваме да излеземе од сопствената кожа, за да се спасиме од топлината.

kako-da-go-sprecite-rastekuvanjeto-na-shminkata-vo-leto-001.jpg

Додадете шминка во ситуацијата и добивате изглед на кловн со растечени бои.

kako-da-go-sprecite-rastekuvanjeto-na-shminkata-vo-leto-1.gif

Но, дали мора да биде така?

Како да го спречиме растекувањето на шминката од нашето лице, и покрај упорните сончеви зраци?

Еве неколку едноставни и корисни совети:

1. Нанесете лесен хидратантен крем

Заборавете на мрсните креми наменети за зимскиот период, кога кожата има тенденција да пука и да се суши побрзо отколку вообичаено. Одберете лесен хидратантен крем, кој се впива брзо и не остава масни траги.

2. Одберете добра подлога

Одличен избор се подлогите, односно прајмерите на силиконска база – тие создаваат невидлив спој на лицето, подобро ја впиваат пудрата и подолго го одржуваат мат изгледот на кожата.

3. Нанесете лесна пудра или BB/CC крем за лице

Лесна пудра со средна покривност ви е доволна за топлите денови, а богатството од BB или CC креми е исто така одлично решение за во лето.

Најважно е да не бидат премногу густи, за да не го добиете оној тестест изглед, како да сте ставиле „паштета“ на лицето, и секако – да имаат минимум заштитен фактор 15.

4. Фиксирајте го изгледот со минерална пудра во прав или специјален фиксатор

Доволни ви се неколку нежни потези со четката, нанесете тенок слој од минералната пудра на Т-зоната за да ја фиксирате пудрата. Инвестирајте во добар фиксатор за шминка, тој ќе ја „скамени“ пудрата на лицето, не дозволувајќи и да се растече.

5. Користете водоотпорни моливи и маскара

Ова е сезоната на водоотпорна шминка – маскарата ќе ви стане ваш најдобар пријател. Дел од нив се толку квалитетни, што дури и солената вода не им може ништо. Сончевите зраци пак, немаат никакви шанси.

6. Заборавете на течните кармини и сјаеви

Во сето топлотно лудило, додадете леплив сјај за усни и добивате хаос. Одлична замена се мат кармините кои се фиксираат веднаш, или обоени лабела кои ќе ви дадат нежен сјај на усните.

7. Не го заборавајте руменилото

Руменилото во прав ви е непријател во летната сеозна. Наместо тоа, одберете ги руменилата во стик или оние како крем/гел варијанта, бидејќи се одликуваат со поголема топлотна издржливост.

8. Секогаш имајте марамчиња при рака

Обични марамчиња или уште подобро – оние наменети за масна кожа се одлична прва помош, доколку сепак шминката почне да ги покажува првите знаци на растекување. Нежно допрете ги на лицето за да го впиете вишокот маснотии – и продолжете самоуверено и со насмевка.

Надвор е лето, ајде да уживаме!

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
7 водечки модни трендови за лето 2026 Марама која може да се носи на безброј начини, брошовите кои се тренд од минатот...

Најчитани неделава