Parfois - Пролет/Лето 2017

Како контраст на концептот од претходната колекција “Home is”, Parfois овојпат нè предизвикува да излеземе од комфорната зона и да ја прифатиме промената, која е секогаш тука некаде, блиску до нас.

parfois-prolet-leto-2017-001_copy.jpg

PARFOIS ја претставува новата колекција за сезона пролет/лето 2017 со кампања базирана на идејата дека од ништо може да настане сè и дека неограничените можности секогаш постојат. Колекцијата црпи инспирација од природата со комбинација на минималистички и романтични предлози за новата сезона.

Италијанскиот модел Кјара Келси има централно место во кампањата фотографирана од страна на аргентинскиот фотограф Родриго Кармуега. Локацијата е огромен, празен базен, изграден во 1942 година, блиску до плажата во северна Португалија. Сетингот на кампањата е парадоксална средина што постои само во нашата имагинација, нè носи во светот на соништата, на место кое во исто време е симболично и реално.

Инспирирана од 50-тите, 60-тите и 70-тите со фокус на јаките и неонските бои, тексасот, карираните материјали, мотиви со природа и животни колекцијата ја сочинува палета на бои, која нè води во топлите денови на летото. Таа се издвојува по употребата на разновидни материјали, металик детали, вез и тантела, но и летни, природни материјали како трска и рафиа. Дополнително, за новата сезона PARFOIS претставува специјална колекција накит од сребро.

Колекцијата за пролет/лето е создадена за слободоумни жени, подготвени за авантури, жени кои го живеат и уживаат во секој момент, жени кои ги прифаќааt промените и кои се секогаш подготвени за неочекуваното. Вистинска декларација на независноста која зависи од секоја од нас. Бидејќи магијата може да се случи секаде, со секого, во секое време и незначајното да стане извонредно.

Би можело да ве интересира:

Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Што облекоа гостите на првите „Лазаров награди“ во Скопје? (фото) Стефан и сопругата Марта беа усогласени во црно, а црно избраа и Таско со сопруг...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...

Најчитани неделава