Места и ситуации во кои фармерките се непристојни и забранети

Едноставно, постојат настани и места каде, колку и да обожавате фармерки, треба да ги прескокнете и да облечете нешто друго.

Zabraneto-mesta-i-situacii-kade-farmerkite-ne-se-soodveten-izbor-01

Иако многу девојки сметаат дека фармерките се универзално парче облека кое доколку добро го искомбинирате можете да го носите секогаш и секаде, факт е дека некои прилики едноставно не го дозволуваат тоа.

За да не се доведете во непријатна ситуација изоставете ги фармерките и заменете ги со некои покласични пантолони или здолниште барем за следниве прилики:

1. Свадба

Фармерките во никој случај не се облека за ваква свеченост. Според бонтон правилата ова ова може да се прекрши само ако младите решиле да направат некаква посебна журка и во самата покана навеле да се носат фармерки.

2. Погреб

И покрај тоа што е општо познато, повторно да повториме дека фармерки не се соодветна облека за сериозната ситуација во која треба да покаже почит за починатиот и неговото семејство. Еден од начините да се покаже почит е и со облека која е во согласност со традицијата, односно облека во темни бои, освен ако семејството на покојникот не изразило некаква поинаква желба.

3. Запознавање со семејството на партнерот

Првата средба со родителите или други членови на семејството на партнерот секогаш создава малку стрес и напнатост бидејќи сите сакаме да се покажеме во најдобро светло. Иако сите модни експерти би кажале дека добро искомбинираните фармерки може да бидат далеку подобар избор од фустан, поголема е веројатноста дека ќе оставите подобар впечаток во нешто поелегантно како панталони или фустан.

4. Интервју за работа

За време на интервјуто со потенцијалниот работодавец треба да изгледате професионално, дури и кога станува збор за лежерна работна средина.

5. Сите ситуации, односно места кои бараат формален кодекс на облекување

Театри, уметнички галерии, свечени вечери ... Според бонтон правилата, овие места и прилики наложуваат избор на елегантни парчиња облека. Ако сакате пример за тоа како изгледа кога намерно не го почитувате кодекс на облекување само сетете се на Кајне Вест во искинатите фармерки на Мет Гала забавата и сите коментари на критичарите после неа.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Пет деловни комбинации со фармерки кои се удобни, а изгледаат стилски Темен аутфит со фармерки и мокасини или бели фармерки со кошула и балонер. Те...
Предлог комбинации со бели фармерки, идеални за студените месеци (фото) Со морнарско сина боја или со дебел џемпер – белите фармерки се идеални за во зи...

Најчитани неделава