Колку пари всушност треба да трошите на облека?

 Речиси сите во душа сме скриени купохоличари. Ништо не може да нè расположи повеќе од едно парче облека. Или повеќе парчиња облека.

kolku-pari-vsusnost-treba-da-trosite-na-obleka-1.jpg

Но, тоа чувство речиси секогаш нè тера да трошиме многу повеќе отколку што треба на нова гардероба. Импулсивното купување ни го празни џебот и на крај завршуваме со премногу непотребни парчиња облека.

Финансиските експерти велат дека за облека треба да одвојувате 5% од вашиот буџет. Ако сакате да пресметате колку пари треба да одвојувате месечно за шопинг, само помножете ги вашите нето примања со 0.05.

Сепак оваа формула не одговара за сите. Има многу други фактори што придонесуваат за тоа колку ќе потрошите на облека. Оваа формула е всушност создадена за луѓе кои имаат многу други месечни трошоци.

Докажано е дека луѓето носат само 20% од тоа што го имаат во гардероберот. Ако си поставите реална формула колку можете да потрошите месечно и се држите до истата, тогаш може и да заштедите за патувањето што од секогаш сте сакале да го направите.

A. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Капри панталоните се враќаат во мода во лето 2025 – од ретро парче до модерни комбинации (фото) Заборавете на сè што сте мислеле за капри панталоните – ако досега личевте старо...

Најчитани неделава