MANGO лансира нова еко-модна линија

Минатата година MANGO го лансираше проектот Take Action кој вклучува низа активности насочени кон креирањето на бизнис модел врз основа на самоодржливи критериуми и поеколошки процеси.

mango-lansira-nova-eko-modna-linija-1.jpg

Компанијата моментално развива план кој ќе вклучува идни иницијативи во оваа сфера. Една од нив е MANGO Committed, женска и машка колекција чии парчиња се произведени од одржливи еко-материјали. Токму оваа капсулна колекција ја претставува кампањата за март, а во неа се вклучени моделите Ракел Цимерман и Матијас Лоридсен фотографирани од Џош Олинс. Локацијата која е одбрана за сликање на кампањата е ремек-делото на органска архитектура – Maison Gudet  од Анти Ловаг, место каде што дизајнот и природата се спојуваат во едно.

Линијата содржи 25 женски парчиња во минималистички стил, иновативни форми и различни волумени. Материјалите кои се користат во колекцијата се еко-пријателски: органски и рециклиран памук, рециклиран полиестер и Tencel ® и истите се обоени во еколошки бои во неутрални нијанси. Сите парчиња имаат интернационални сертификати кои го гарантираат потеклото на одржливо производство од фабриките во Португалија, Мароко и Турција.

MANGO ги адаптира секојдневните активности на поеколошки начин и се стреми кон самоодржливо развивање во сите области во кои делува, па оттаму во последните години се креираше иницијатива која прерасна во проектот Take Action. Моментално 44% од останатите колекции на брендот вклучуваат природни влакна, а компанијата креираше и интерна алатка која ќе ја калкулира водата која се користи во процесот на производство на парчињата и инсталацијата, со цел да ја намали потрошувачката на вода.

MANGO Committed капсулната линија ќе биде достапна во продавниците во ГТЦ и Скопје Сити Мол во текот на месец март.

Би можело да ве интересира:

Осум минималистички парчиња облека и додатоци што треба да ги имате за оваа сезона Фармерки со рамен крој, златни обетки, но и широк костим – кои минималистички па...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Што облекоа гостите на првите „Лазаров награди“ во Скопје? (фото) Стефан и сопругата Марта беа усогласени во црно, а црно избраа и Таско со сопруг...
Модни парчиња што секоја жена над 30 треба да ги има (бидејќи се комбинираат со сè) Квалитетни рамни чевли, сако во неутрална боја, како и фармерки со рамен крој. ...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Што облекоа гостите на забавата на „Убавина и здравје“ во Скопје? (фото) Викторија Лоба, Чарна Невзати, Марис Џолин, Октај Сејди, Светлана Црнокрак се са...

Најчитани неделава