Предлог комбинации: Пролет во светли и пастелни бои

Сончевата сезона е вистинско време да ја истакнете својата нежна и грациозна страна.

predlog-kombinacii-prolet-vo-svetli-i-pastelni-boi-1.jpg

Без оглед на актуелните трендови, пролетта едноставно не може да се замисли без облека во светли и освежувачки бои. Убавите и сончеви денови се идеални за прошетка, па и гардеробата треба да биде во согласност со новото годишно доба.

За таа намена, ви предлагаме да одберете облека во пастелни тонови, а да ја искомбинирате со неутралната палета на бои. Одлучете се за бела и беж, за пастелно розова и сина, за суптилните ментол нијанси, бојата на лаванда...

Облеката во слатките и нежни нијанси привлекува внимание, а истовремено оддава впечаток на минимализам и едноставност. Нашиот совет е да си набавите плисирано здолниште кое ќе биде во тренд и оваа сезона, романтични кошули во суптилни бои, како и женствени маици кои ги откриваат рамениците.

Од модните додатоци, вашиот избор нека бидат мокасини, мала чанта, и секако, очила за сонце, кои дополнително ќе го зачинат пролетниот изглед.

Како да изгледате неодоливо во неутрални и пастелни парчиња облека оваа пролет?

Погледнете ги фотографиите во галеријата и ќе го пронајдете омилениот одговор:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 есенски парчиња за жени над 40 со кои секогаш ќе изгледате тренди Палто од велур, широки дебели панталони, но и плетен комплет. Палто од велур,...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
5 пролетни комбинации на бои кои изгледаат луксузно и стилски (фото) Небесно сина со бордо или маслинеста зелена со беж – комбинации на бои со кои ов...
8 модели на чевли што ќе доминираат во пролет 2026 (иако повеќето се чудни) Проѕирните чевли изгледа повторно се враќаат во мода (за жал), а ќе доминираат и...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...

Најчитани неделава