Стилистката на Бијонсе ја преоблече Барби

Славната кукла во модни изданија, во какви ја немате видено досега.

stilistkata-na-bijonse-ja-preobleche-barbi-1.jpg

Американската компанија Мател, која стои зад производството на најлегендарната кукла во светот, досега има соработувано со бројни модни дизајнери и славни сличности.

Сепак, се чини дека последната соработката ќе биде и највозбудливата меѓу нив, откако на ред дојде и жената задолжена за имиџот на поп-пејачката Бијонсе на турнејата „Lemonade“.

stilistkata-na-bijonse-ja-preobleche-barbi-2.jpg

Станува збор за Марни Сенофонте, во чие портфолио се запишани и имињата на многу други ѕвезди, како Сијара, Мери Џеј Блајџ, Лорин Хил и Џеј Зи, а нејзината најнова клиентка е токму 58-годишната модна икона Барби.

Во рацете на вештата стилистка, популарната Барби доживеа комплетна модна трансформација, со ултрамодерните изгледи кои Марни ги осмисли само за неа, а следејќи ги најактуелните трендови во моментот.

stilistkata-na-bijonse-ja-preobleche-barbi-3.jpg

Специјалната колекција ја слави различноста, па во неа има кукли со секакви облини, како и сите бои на косата и кожата. Секоја од нив е посебна на свој начин, негуваjќи уникатен вкус кога се изборот на облека, деталите и фризурата во прашање.

На радост и воодушевување на обожавателките од сите возрасти, стилските игри на Сенофонте беа откриени во Инстаграм гардероберот на Барби, под називот @barbiestyle, каде собра мноштво симпатии, позитивни реакции и убави коментари од корисниците на социјалната мрежа.

stilistkata-na-bijonse-ja-preobleche-barbi-4.jpg

Погледнете ги фотографиите во галеријата и одлучете се - која е вашата омилена комбинација?

 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава