Фустани на преклоп – моден избор за летните денови

Фустаните на преклоп се идеални за топлото лето, затоа што се лежерни и мошне елегантни истовремено.

fustani-na-preklop-moden-izbor-za-letnite-denovi-1.jpg

Лелеави или со рамен крој, фустаните на преклоп ѝ ласкаат на секоја женска фигура, а притоа се и многу удобни и практични. Наликуваат на „домашна наметка“, ама со која ќе изгледате како „милион долари“. Токму од таа причина никогаш не излегуваат од мода, па на пазарот се актуелни веќе 40 години.

Речиси секоја сезона, легендарниот модел на фустани на преклоп добива нови и подостапни верзии. Така е и оваа пролет, која најави нивна доминација во каталозите и продавниците на брендовите за висока улична мода.

И познатите блогерки со задоволство ги избираат ваквите фустани, претставувајќи инспиративни модни комбинации на своите страници и социјалните мрежи. Во тренд се фустаните на преклоп со цветен принт, кои трендсетерките ги носат со груби чизми и шешири.

Во понудата на модните куќи, пак, може да пронајдете едноставни фустани на преклоп, кои се идеални за на работа, но и модели со карнери. Доколку сте вљубенички во слоевитиот начин на облекување, може да ги искомпонирате и во комбинација со омилените фармерки.

Од галеријата во продолжение, погледнете кои се најпопуларните модели за тековната сончева сезона:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава