Костими за капење со цветови, по кои полудеа девојките на Инстаграм (фото)

На летната модна сцена пристигнаа романтични и нежни костими за капење, кои се толку елегантни, што ќе ви биде жал да се бањате во нив.

kostimi-za-kapenje-so-cvetovi-po-koi-poludea-devojkite-na-instagram-foto-1.jpg

Tрендсетерките од Инстаграм, кои со егзотичните патувања започнаа додека ние уште припремавме подароци за Божиќ, веќе со месеци се фотографираат во едни навистина занесни костими за капење.

Во прашање се женствените модели со пришиени цветови, а меѓу кои најпопуларни се белите едноделни костими, со розови или бели ливчиња на грбот.

Кој е заслужен за овие магични летни креации? Творците на овогодинешниот хит во светот на костимите за капење, се со потекло од Сардинија, каде и настанал брендот „La Reveche“, под влијание на морето, плажата и сонцето.

Ваквите костими за капење не се создадени само за сончање и капење, туку одлично изгледаат и во комбинација со фармерки, шорцеви и здолништа, па може да се носат и на дневни и на ноќни пригоди, порачуваат творците на брендот.

Интересен е и податокот дека сите костими за капење од брендот „La Reveche“ се произведуваат рачно, заради што се продаваат во ограничен број на официјалната страница. Токму поради рачната изработка, и цените се „изгор“ високи.

Ако сакате да се појавите во оригинален костим за капење со потпис на „La Reveche“, ќе мора да платите од 195 евра за најпопуларните едноделни парчиња, а од 130 до 155 евра за дводелните модели.

Сепак, ги сакаме, нели? Погледнете како „кралиците на социјалните мрежи“ ги носат низ светот:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава