Во мода: Бикини што ги прикриваат недостатоците, а ги истакнуваат облините

Оваа сезона, во мода се враќа трендот на дводелни костими за капење со висок струк, кој беше популарен во 50-тите години на минатиот век. Покрај тоа што ги сокрива маните, овој модел на бикини ги нагласува облините на женското тело, па трендсетерките веќе си го набавија своето омилено летно парче.

vo-moda-bikini-shto-gi-prikriva-nedostatocite-a-istaknuva-oblinite-1.jpg

Се ближи летото, па време е за потрага по соодветен костим за капење. Баш како и едноделните костими за капење со висок засек, оваа сезона подеднакво популарни ќе бидат и дводелните костими за капење со висок струк. Трендсетерките полудеа по овие тренди бикини, а социјалните мрежи веќе се преплавени со фотографии од потемнети убавици во хит моделите на летото.

Ако сте во потрага по идеален костим за капење, со кој ќе блеснете и мамите погледи на плажа, тогаш вреди да го испробате токму овој модел на бикини. Доколку немате сосема рамен стомак, ваквиот костим за капење ќе ви ги прикрие недостатоците, ама и истакне женствената фигура.

Сепак, кога претстојното лето би се одлучите за таков модел, тоа не мора да значи и дека сте несигурни во своето тело, туку дека го поседувате најновото жешко летно парче. Воедно, трендот за овие костими за капење е толку популарен, што нема  ви биде проблем да го пронајдете баш онаков модел каков што сте барале.

Речиси и да не постојат модни брендови кои за оваа сезона не исфрлија колекција дводелни костими за капење со висок струк. Без разлика дали се со впечатливи дезени, живи бои, засеци или карнери, продавниците се полни со актуелните летни „крпчиња“.

Ја разгледавме понудата на онлајн продавниците, издвојувајќи ви ги најубавите костими за капење со висок струк. Ѕирнете ја нашата галерија и изберете си модел на кој ќе ви позавиди цела плажа:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...

Најчитани неделава