Облека со хортензии – омилен летен тренд на дамите (фото)

Одеднаш, сите полудеа по прекрасниот флорален дезен, од трендсетерките и модните блогерки, па сè до познатите женски имиња од естрадниот свет, а главен виновник е луксузниот моден бренд Dolce&Gabbana.

obleka-so-hortenzii-omilen-leten-trend-na-damite-foto-1.jpg

Ниту едно лето не може да се замисли без неизбежните цветни принтови, но оваа сезона, еден сосема необичен флорален дезен ги засени останатите, фрлајќи ги во втор план сите други цвеќиња.

Веројатно веќе сте го забележале, ако не на градскиот асфалт, тогаш барем на социјалната мрежа Инстаграм, која е преплавена со него, а го носат баш сите познати трендсетерки, модни блогерки и мноштво други славни дами.

Станува збор за облеката со хортензии, за чија популарност може да ѝ се заблагодариме на луксузната модна куќа Dolce&Gabbana. 

Очигледно е дека нивната последна колекција, опсипана со виолетови цветoви, беше полн погодок, што воопшто и не зачудува од брендот кој го препознаваме токму по впечатливите принтови.

Сепак, на овој тренд не остана рамнодушна буквално ниту една дама што може да си дозволи скапоцена дизајнерска облека.

Софија Вергара и самата би можела да го прослави дезенот, затоа што одлично ѝ прилега, а го искомбинира дури и со идентична маска за мобилниот телефон.

На хортензиите не им одолеа ниту Бијонсе, која купи исто фустанче и за нејзината ќерка Блу Ајви.

Кендал Џенер, пак, ги привлече сите погледи на настан на кој присуствуваше, во мини D&G фустан со откриени раменици, а кој храбро, но успешно, го усогласи со бели чизми.  

obleka-so-hortenzii-omilen-leten-trend-na-damite-foto-2.jpg

А, кога нешто ќе носи и Миранда Кер, тогаш сигурни сте дека е хит во прашање, бидејќи оваа дама со стил нема на себе да облече било што на себе.

obleka-so-hortenzii-omilen-leten-trend-na-damite-foto-3.jpg

И убавицата Оливија Кулпо ѕирна во летната колекција на брендот, а се одлучи за едно малку полежерно парче.

Покрај фустани и маици, колекциите со хортензии вклучуваат и здолништа, панталони, комбинезони, очила за сонце и бројни други модни додатоци.

Притоа, сите се хит, во што ќе ве уверат низата познати и помалку познати модни блогерки и трендсестерки, кои веќе се пофалија со своите D&G цветни парчиња на Инстаграм:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...

Најчитани неделава