PARFOIS езен-зима ‘17/18: ТАА - последната форма на себе изразување

Кампањата на PARFOIS за есен-зима 17/18 ја најавува новата сезона преку концепт кој ја слави жената која се чувствува исполнето преку процес на себе откривање и која ужива во сопствената кожа. 

parfois-esen-zima-17-18-taa-poslednata-forma-na-sebe-izrazuvanje-001.jpg

Оваа кампања се раѓа во околина исполнета со контрасти и опкружена со уметност, архитектура, видео и танц. Главни ѕвезди на кампањата се Lottie Harvest и Sigrid Vieira, а локацијата на фото сесијата е Економскиот Факултет во Порто – зграда од 1974 година, проектирана од страна на Viana de Lima. “ТАА” е дефрагментиран наратив во која Lottie и Sigrid го бараат истото, но на различен начин – нивната ескпресија е уметничка, женствена и се разбира, уникатна.

Во околина каде танцот и уметноста одат рака по рака, PARFOIS нуди колекција која е еклектичен микс од стилови, материјали и детали. Колекција која се базира на контрасти  - класичното и модерното се преточени во модни додатоци во кои ќе уживаме за време на есента и зимата; гранџ и спортски комбинации за релаксиран изглед - удобно, со доза на бунтовност.

Инспирацијата од друг простор и време доаѓа во микс од такенини, дезени, цветови, разнобојни и апстрактни принтови, монистри и крзно. Палетата на бои е зимска, но сепак забавна – бежова, сива, црна и камел боја во комбинација со црвена, сина, портокалова, виолетова и бургундско црвена.

За есен-зима 17/18, брендот има дополнување на новитетите  - накит од сребро, прстени со позлата, како и парчиња кои може да се прилагодат според сопствениот вкус со различни привезоци.

Во новата сезона останува идејата дека не постојат правила и сè може да се комбинира. Она што е важно е личниот стил на секој од нас. На крајот на краиштата, најдобар начин на себе изразување е да се остане свој.

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...

Најчитани неделава