За вљубенички во виолетова: Модна инспирација во боја на лаванда

Женствена, нежна и префинета, неодоливата нијанса на лаванда нѐ асоцира на топлите августовски ноќи, а идеална е за создавање прекрасен летен изглед.

za-vljubenichki-vo-violetova-modna-inspiracija-vo-boja-na-lavanda-1.jpg

Виолетовата палета изобилува со мноштво различни тонови, но ова лето, посебно се издвојува нијансата на лаванда.

Покрај тоа што на најдобар начин го нагласува бронзениот исончан тен, идеална е и за комбинирање со белата боја, па не е случајно што пронајде свое место во колекциите на најпознатите модни куќи.

Облеката во боја на лаванда е соодветна за креирање романтичен, но и деловен стил, па е совршен избор, доколку сакате да ги освежите модните комбинации во текот на месец август.

За таа намена, во актуелните летни колекции ќе пронајдете романтични фустани, блузи и топ маички со голи рамена, или, пак, модни додатоци, како чанти и федора шешири. Topshop предлага помпон обетки во виолетов тон, додека предлогот на Mango се слатки папучи од сатен, кои изгледаат божествено во оваа отмена боја.

Како инспирација, ѕирнете во нашата галерија и погледнете повеќе стилски парчиња и аутфити во прекрасната нијанса на лаванда:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
10 модни трендови кои повторно се вратија во мода (и ќе ги гледате насекаде) Крокс сандалите повторно се во мода и се носат на секакви комбинации, бубрежињат...

Најчитани неделава