Хит за есен: Макси фустани со цветен дезен

Долгите и лелеави цветни фустани, кои евоцираат носталгија по 70-тите години од минатиот век, претставуваат еден од водечките модни трендови за претстојната сезона.

hit-za-esen-maksi-fustani-so-cveten-dezen-1.jpg

Ерата на 70-тите се враќа низ голема врата на модната сцена, а едно посебно парче – омиленото на многу дами, се наговестува како вистински хит на есента. Станува збор за долгите, макси фустани со цветен дезен.

Често ги поврзуваме со летните дни, меѓутоа, тие се идеални и за првите есенски денови. Всушност, тешко е да пронајдете нешто поудобно, од женствените долги фустани, за да го одбележите заминувањето на старото, а пристигнувањето на новото годишно доба.

Притоа, флоралните макси фустани феноменално изгледаат во комбинација со бомбер јакни, топли џемпери, получизми и патики. Може да ги искомбинирате и со чизми со висока потпетица, а доколку временските услови тоа го дозволуваат, да ги носите и со балетанки.

Есента е во знакот и на меките џемпери, па и тие ќе бидат одличен додаток за макси фустанот. Доколку долгиот фустан со цветен дезен е вашиот избор за на работа, тогаш заменете го џемперот со поформален блејзер.

Во продолжение, погледнете неколку стилски предлози и пронајдете ја омилената инспирација, како оваа есен да изгледате неодоливо во цветен макси фустан:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 трендови од 2016, кои се враќаат во мода во 2026, откако сите се опседнаа Од популарните чанти кои ги носеа „it“ девојките, до тенка марама околу врат, бо...
8 трендови за накит кои ќе доминираат во есен 2025 – треба да ги имате и вие Бисери во секоја варијанта, комбинација од жолто-златни и сребрени метали, ланчи...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...

Најчитани неделава