Портокаловиот дуксер - симбол на вечна младост: Celebrate Life - Eternal Youth колекција зима 2017

10-та сезона за DIY етикетата на графичкиот дизајнер Горан Костовски - ind.o.g не потсетува на вечната младост и духот на прогресот и безгрижноста.

celebrate-life-eternal-youth-zima-2017-01.jpg

Дуксот е инпириран од еден вртлог на повеќе сензации.

Основната инспирација е од албумот на Frank Ocean - Channel Orange, чија пак главна инспирација е летото и периодите кога тој прв пат бил заљубен. Затоа, и е избрана портокаловата боја која потсетува на летото и убавите спомени од него.

celebrate-life-eternal-youth-zima-2017-02.jpg

celebrate-life-eternal-youth-zima-2017-03.jpg

Истовремено, големо влијание колекцијата има и од Американскиот hard core punk бенд Youth of today коишто се клучни во Youth crew субкултурата особено заради позитивните вредности и моралот за која таа се залагала.

Младоста сама по себе е секогаш позитивна и присутна во сите Celebrate Life производи.

celebrate-life-eternal-youth-zima-2017-04.jpg

Зима 2017-та инспирира и потсетува на духот на 80-тите кога Youth of today започнува да свири. Секако, атмосферата не може да се долови целосно но, затоа локацијата на Стоковната куќа Мост (објект од суштинско значење) која што била активна тој период не навраќа кон тоа време и духот на Старата Скопска чаршија којашто секогаш била симбол на мултикултурата во градот Скопје.

celebrate-life-eternal-youth-zima-2017-05.jpg

Субкултурата којашто секогаш била присутна па дури и во исчезнување, е вечна инспирација за секоја нова сезона на Celebrate Life.

Оваа сезона, за втор пат се појавува и текст на кирилица што е многу голема реткост на унисекс облеката.

celebrate-life-eternal-youth-zima-2017-06.jpg

Фотосесијата е дело на младата Јана Тодоровска, а во нејзе се појавуваат Кирил и Ивана во уметничка дирекција на ind.o.g и постпродукција на Марко Монс. Лимитираната серија овој пат има и сито графика принт, потоа мултиплициран на фотокопир технологија присутна во 80-тите која што е во исчезнување и веројатно помладата публика никогаш не го сретнала овој медиум.

celebrate-life-eternal-youth-zima-2017-07.jpg

Eternal youth
Make it happen
We're starting a new way
People In the world today
Youth of today!!!

celebrate-life-eternal-youth-zima-2017-08.jpg

celebrate-life-eternal-youth-zima-2017-09.jpg

celebrate-life-eternal-youth-zima-2017-10.jpg

celebrate-life-eternal-youth-zima-2017-11.jpg

Би можело да ве интересира:

Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
Вирална кошула од ZARA која сите ја имаат сезонава – совршена за на работа (фото) Кошулата со сини и црвени пруги и голема панделка околу вратот изгледа како сите...

Најчитани неделава