По вкус на модните кралици: Зимски комбинации во нијанси на песок (фото)

Класична, деликатна и софистицирана, таа е палета на тонови што лесно се комбинира со секакви принтови, дезени и материјали со различни текстури. Затоа и толку ја љубиме.

po-vkus-na-modnite-kralici-zimski-kombinacii-vo-nijansi-na-pesok-foto-1.png

Беж бојата е меѓу најпопуларните тековната сезона, како и целиот спектар на тонови што ја сочинуваат. Ја гледаме во дневни и вечерни варијанти, како дома, така и низ улиците на светските метрополи.

За елегантен, или, пак, сосема опуштен изглед во студените дни, облеката во нијанси на песок е задолжителна во гардероберот оваа зима. Од нечисто бела до карамела, оваа палета сосема ги освои срцата на модните кралици.

Популарните блогерки и инфлуенсерки масовно ја носат, а познатите  дизајнери ја прогласија за еден од најпосакуваните трендови.

po-vkus-na-modnite-kralici-zimski-kombinacii-vo-nijansi-na-pesok-foto-2.jpg

Како да ја вклопите во својот изглед во текот на наредните месеци? Избирајќи џемпери, капути, мантили, ролки и панталони од фини ткаенини во песокливи нијанси. Не заборавајте ниту на модните аксесоари во неутрални бои, од чанти и масивни шалови, па до чизми или чевли.

Иако на прв поглед се мошне едноставни и обични, тие зимава го покажаа своето најубаво лице, особено во комбинација со разнолични топли материјали, како што се трикотажа, волна, кашмир и сомот.

po-vkus-na-modnite-kralici-zimski-kombinacii-vo-nijansi-na-pesok-foto-3.png

А, доколку ви недостасува инспирација за совршен изглед на градските улици, погледнете ги нашите прекрасни предлози од галеријата во продолжение:

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
10 модни трендови кои повторно се вратија во мода (и ќе ги гледате насекаде) Крокс сандалите повторно се во мода и се носат на секакви комбинации, бубрежињат...

Најчитани неделава