6 совети како да формирате личен стил и да се држите до него

„Препознатлив стил“ е фраза која често ја слушаме кога е во прашање модата, но што точно значи истата?

6-soveti-kako-da-formirate-lichen-stil-i-da-se-drzite-do-nego-2.jpg

Ако обрнете внимание на познатите личности, кои важат за модни икони, можете да заклучите дека секоја има нешто препознатливо во стилот, без разлика дали е тоа е фризура, модни додатоци или начин на комбинирање на парчињата облека.

Сепак, вистината е дека не мора да бидете ѕвезди за да формирате свој личен препознатлив стил. 

За да го постигнете тоа применувајте ги следниве неколку совети:

Осознајте ја формата на вашето тело - ова е многу важен чекор во создавањето на стилот, бидејќи на основа на вашето тело, понатаму ќе ги бирате парчињата облека што ви одговараат.

Фотографирајте се во различни комбинации за да можете веднаш да ги отфрлите оние модели што не ви одговараат.

6-soveti-kako-da-formirate-lichen-stil-i-da-se-drzite-do-nego-3.jpg

Разгледајте ја својата гардероба и најдете што е заедничко меѓу вашите омилени парчиња облека. Тоа ќе ви помогне и понатаму да избирате фустани, маички, панталони и модни додатоци кои одговараат на вашиот стил, без да лутате по продавници испробувајќи и експериментирајќи.

Истото важи и за шминката и фризурата.

6-soveti-kako-da-formirate-lichen-stil-i-da-se-drzite-do-nego-4.jpg

Купувајте облека што знаете дека ќе ја облечете повторно - избирајте ја гардеробата така што ќе може да ја комбинирате на повеќе начини, без ограничувања.

На пример, една кошула може да ја комбинирате и со соодветно здолниште, со панталони, под сако, со различни чевли и накит, а сепак да останете препознатливи.

6-soveti-kako-da-formirate-lichen-stil-i-da-se-drzite-do-nego-5.jpg

Препознајте што никогаш не би купиле - се случува нешто да ви се допаѓа, навидум да ви стои убаво, но сепак да не е во ваш стил. Не ги купувајте овие парчиња, било да се работи за конкретен модел, боја или моден додаток.

6-soveti-kako-da-formirate-lichen-stil-i-da-se-drzite-do-nego-10.jpeg

Најдете ги боите кои ви одговараат – Направете го изборот врз основа на вашиот тен, бојата на косата и бојата на очите. Усогласете ги боите со тоновите на вашата кожа. Пробајте повеќе бои и така лесно ќе може визуелно да одредите кои ви одговараат.

6-soveti-kako-da-formirate-lichen-stil-i-da-se-drzite-do-nego-6.jpg

Избегнувајте да бидете „во униформа“ - да го најдете сопствениот стил не значи да имате ист модел во повеќе бои и материјали, ниту пак целата облека да ви е во блиски нијанси на истата боја.

Да ја најдете формулата за вашиот препознатлив стил не значи дека секогаш треба да изгледате исто, туку напротив, да постои поврзаност и да оставите личен печат на секоја комбинација. 

6-soveti-kako-da-formirate-lichen-stil-i-da-se-drzite-do-nego-7.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...

Најчитани неделава