Lisca го восхити Париз

Како и секоја година кон  крајот на јануари најголемиот моден саем Salon International de la Lingerie во Париз ги покани најуспешните понудувачи и главни познавачи на долната облека. Меѓу повеќе од 360 брендови кои ги претставија колекциите за есен/зима2018 година беше и Lisca.

lisca-go-voshiti-pariz-01.jpg

Како најдобри трендовски модели се издвоија проѕирниот триаголен градник, килотите со висок струк и проѕирното боди -  женствени но, истовремено и заводливи модели.

Креациите на Lisca беа забележани на модната ревија "Nightlights", на која се претставија сите најпознати брендови, а Lisca се истакна со луксузните и сензуални модели од линијата Selection .

Посебен успех е изборот на Lisca во модното списание »The Selection«, во која организаторот на најголемиот моден настан во светот на долната облека ги издвои главните трендови за претстојната сезона - помеѓу останатите модели избрано е и проѕирното боди од колекцијата Lisca Selection.

lisca-go-voshiti-pariz-02.jpg

lisca-go-voshiti-pariz-03.jpg

lisca-go-voshiti-pariz-04.jpg

(photo credit: Lisca; ©Salon international de la Lingerie 2018 - Stéphane Deroussent)

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава