Бизарни трендови: Модели на патики што ќе бидат апсолутен хит оваа година

Иако е само втор месец од годината, трендовите што ќе ја одбележат полека почнуваат да се појавуваат на модните писти и во продавниците.

bizarni-trendovi-modeli-na-patiki-koi-ke-bidat-vistinski-hit-ovaa-godina-2.jpg

Овојпат разгледуваме што ќе се нуди во поглед на патиките, кои бои и модели ќе бидат застапени и како истите да се вклопат во секојдневниот изглед.

Смирени тонови и големи ѓонови

Изразените ѓонови на патиките во бела боја, пастелни бои и со металик детали ќе направат секоја дневна комбинација да изгледа ултрамодерно.

Не морате да мислите на други модни додатоци, бидејќи ваквите патики сами по себе се доволни.

bizarni-trendovi-modeli-na-patiki-koi-ke-bidat-vistinski-hit-ovaa-godina-3.jpg

Модерно-спортско, а не само за на фитнес

Класични патики кои вообичаено би ги носеле на вежбање, трчање или пешачење одлично може да се вклопат во модерни комбинации, со соодветно избрани фармерки, блузи и мантили.

Изберете класични комбинации, на пример бели патики со сини или црвени детали на нив.

bizarni-trendovi-modeli-na-patiki-koi-ke-bidat-vistinski-hit-ovaa-godina-4.jpg

Модели што потсетуваат на трендовите од 90-тите

Шарени патики со многу детали, често во интензивни неонски нијанси и испечатени апликации на нив, се инспирирани од поп-културата или пак претставуваат дело на соработка помеѓу спортски компании и познати личности.

На пример, нешто како моделите на Конверс дизајнирани со помош на Ози Озборн и слично. Ако не сте доволно храбри за „дречливи“ бои, за почеток обидете се со посмирени тонови.

bizarni-trendovi-modeli-na-patiki-koi-ke-bidat-vistinski-hit-ovaa-godina-5.jpg

„Грди“ патики

Овие модели не се за секого и дефинитивно отстапуваат од класичниот изглед на патиките. Може да ги најдете во облик на обувка без врвки, со детали кои изгледаат како да не се за таму, но и во чудни бои кои често не би ги носеле.

Брендовите како Гучи и Баленсиага веќе имаат нешто такво во своите следни колекции.

bizarni-trendovi-modeli-na-patiki-koi-ke-bidat-vistinski-hit-ovaa-godina-6.jpg

Женствени патики

Дизајни наменети само за жени, што се комбинираат со фустани, здолништа и други парчиња облека што инаку никогаш не би ги искомбинирале со патики.

Следете ги вашите омилени брендови и чекајте да видите што ќе понудат тие за женската популација следната сезона.

bizarni-trendovi-modeli-na-patiki-koi-ke-bidat-vistinski-hit-ovaa-godina-7.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава