6 чанти кои ќе бидат во тренд ова лето

Време е да се подготвиме за најубавата сезона - лето. Основен моден додаток на секоја жена за секоја сезона се токму чантите, па затоа ви претставуваме 6 видови на чанти, кои ќе ги гледате насекаде наскоро.

6_tasni _koi_se_vo_trend_ova_leto_01.jpg

Чанти со бисери

Не зборуваме за чанти со неколку бисерни детали, туку за чанти целосно изработени од бисери. Овие убавици многу брзо ќе станат вашиот омилен додаток.

6_tasni _koi_se_vo_trend_ova_leto_02.jpg

Плетени големи чанти

Минатото лето сламените чанти направија вистински бум. Беа омилен додаток на секоја модна блогерка. И ова лето очекувајте да ги гледате често. Плетените чанти навистина се задржаа во срцата на модните фанатици.

6_tasni _koi_se_vo_trend_ova_leto_03.jpg

Малечки торбички

Се сеќавате на малечките торбички во кои се чува накит? Епа овие торбички се потполно исти со мала разлика во димензиите. Нема да соберат многу, па не очекувајте да ги носите на работа, но изгледаат одлично за вечерно излегување или прошетка.

6_tasni _koi_se_vo_trend_ova_leto_04.jpg

Чанти со полукружна рачка

Овој тип на рачки денес може да го сретнете кај огромен број на дизајни. Лесно може да ги носите во рака, доаѓаат во различни димензии и форми и многу брзо ќе ви станат омилениот аксесоар.

6_tasni _koi_se_vo_trend_ova_leto_05.jpg

Торби за на „пазар“

Торбата која вашата баба ја носи за на пазар сега може да ја носите насекаде. Со моќта на славните дизајнери сега овој вид на чанти стануваат навистина популарни.

6_tasni _koi_se_vo_trend_ova_leto_06.jpg

Малечки дамски чантички

Доколку минатата сезона се носеа огромни чанти кои можат да го соберат вашето милениче и сите останати работи кои секојдневно ги носите со себе, сега популарни се мини дамските чантички.

6_tasni _koi_se_vo_trend_ova_leto_07.jpg

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
7 водечки модни трендови за лето 2026 Марама која може да се носи на безброј начини, брошовите кои се тренд од минатот...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...

Најчитани неделава