Фенси и секси: Летни тренди комбинации со голи раменици (фото)

На одмор, или, пак, на градскиот асфалт, ова е вистинскиот избор да се облечете убаво, женствено и модерно, а притоа и да ви биде пријатно во своја кожа. Особено во сончевите денови кои ни претстојат.

fensi-i-seksi-letni-trendi-kombinacii-so-goli-ramenici-foto-1.png

Иако сме во очекување на календарскиот почеток на најжешкото годишно доба, високите температури веќе нѐ тераат да се разладиме на сите можни начини.

Еден од нив е преку изборот на гардероба, којашто ни помага да се чувствуваме пријатно во текот на топлото време, а истовремено ни овозможува да изгледаме убаво, женствено и модерно.

Девојки, дали сте спремни да ги покажете рамената? Блузите и маичките кои ги откриваат, не претставуваат новина во модниот свет. Меѓутоа, ова лето се издвојуваат меѓу главните фаворити во женската облека.

fensi-i-seksi-letni-trendi-kombinacii-so-goli-ramenici-foto-2.png

Брендовите претставија низа нови модели на популарните „off-shoulder“ топови, па тие сега пристигнуваат со карнери, необични машни и сосема поинакви дезени.

Актуелни се веќе неколку сезони, ама и секогаш се неопходни, бидејќи се носливи во различни пригоди. Може да ги искомбинирате со фармерки, шорцеви, миди, или, пак, мини здолништа.

Тие се фенси, лелеави и привлечни за око, откривајќи ги најсензуалните делови од телото – рамениците. Па, доколку сте дама која не се сака да претерува, туку суптилно да ја нагласи женственоста, секако имајте ги предвид.

fensi-i-seksi-letni-trendi-kombinacii-so-goli-ramenici-foto-3.png

Како да изгледате неодоливо секси и тренди во летните комбинации со голи рамена? Инспирирајте се од нашите предлози во галеријата, каде ви ги споделуваме омилените стајлинзи на познатите трендсетерки и фешнистки:

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Пет деловни комбинации со фармерки кои се удобни, а изгледаат стилски Темен аутфит со фармерки и мокасини или бели фармерки со кошула и балонер. Те...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава