Каков градник да носите под различни аутфити за никогаш да не изгледате невкусно и без стил?

Во гардероберот на модерна девојка се наоѓаат многу различни парчиња облека и долна облека.

kakov-gradnik-da-nosite-pod-razlichni-autfiti-za-nikogash-da-ne-izgledate-nevkusno-i-bez-stil-01.jpg

Но, иако големиот избор е добар, сепак понекогаш може да направите грешка и да го уништите целиот изглед само со едно погрешно парче долна облека, посебно градник.

Независно колку добро сте облечени, ако градникот е несоодветно искомбиниран со аутфитот, доловувате сосема погрешна и невкусна слика.

Време е да престанете да правите грешки и да обрнете повеќе внимание на градникот како модно парче.

Големина и модел

Прво и најважно при бирањето градник е големината според обемот, но и моделот според обликот на градите, на пример:

  • За големи заоблени гради – градник со жица, со широки прерамки и затворени заоблени корпи
  • За гради во облик на солза – одберете градник со цврсто затворање и кој ќе ги подигне градите нагоре, а не да ги држи рамно
  • За гради во облик на конус – класичен градник

kakov-gradnik-da-nosite-pod-razlichni-autfiti-za-nikogash-da-ne-izgledate-nevkusno-i-bez-stil-02.jpg

Боја

Градникот треба да одговара со бојата на облеката, но треба да бидете внимателни, на пример, на бела кошула, помалку се познава градник во боја на кожа отколку бел.

Лесните материјали ја откриваат долната облека, па одберете градник кој се совпаѓа со бојата на вашата кожа.

Ситуацијата е поразлична кога носите проѕирна облека – класичен градник не е секогаш соодветен, но стилски топ или бралет ќе изгледаат одлично.

Ако сакате шарени градници, носете ги под непроѕирни блузи и џемпери.

kakov-gradnik-da-nosite-pod-razlichni-autfiti-za-nikogash-da-ne-izgledate-nevkusno-i-bez-stil-03.jpg

Цел

Исто така важен критериум е за каква пригода ви е потребен градник. Ако одите на вежбање, треба да облечете спортски градник, ако одите на забава каде ќе играте, треба да носите градник со добар и цврст затворач.

Обичниот модел во беж боја е соодветен за секојдневно носење, но чипкастите градници со декоративни детали оставете ги само за специјални, неформални пригоди.

kakov-gradnik-da-nosite-pod-razlichni-autfiti-za-nikogash-da-ne-izgledate-nevkusno-i-bez-stil-04.jpg

Компатибилност со облеката

Освен чипката, има и други работи кои треба да ги вклопите соодветно во аутфитот, односно да ги прикриете:

  • Носете мазен градник без детали под облека со мазен и тенок материјал
  • Не ги заменувајте обичните со силиконски прерамки – и тие се видливи!
  • Ако деколтето е предлабоко, одберете силиконски лепенки наместо градник
  • Ако носите горен дел со тенки прерамки, тогаш прерамките од градникот не треба да се гледаат
  • Ако носите облека со голем отвор околу вратот, носете градник со длабока линија на корпите кој нема да се гледа одозгора

kakov-gradnik-da-nosite-pod-razlichni-autfiti-za-nikogash-da-ne-izgledate-nevkusno-i-bez-stil-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (4) од Скопје во розови стајлинзи е мини верзија на Барби (фото) Барби манијата ја зафати и Македонија, а 4-годишно девојче од Скопје со аутфитит...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
Ретро модна инспирација: Филмски хероини чиј стил ќе ве инспирира ова лето Од интересните шапки и очила на Одри Хепберн во филмот „Paris When It Sizzles“, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg