Популарни модни парчиња кои нема логика да ги носите

Ви се допаѓале вам или не, одредени трендови се во суштина бесмислени и бескорисни. А, сепак на големо се продаваат и купуваат. 

popularni-modni-parchinja-koi-nema-logika-da-gi-nosite-1.png

Постојат трендови кои ни се допаѓаат. Постојат трендови кои не ни се допаѓаат. А, постојат и трендови кои немаат баш никаква смисла, па чија поента на постоење не ја разбираме. Дел од нив се моментално хитови во модната индустрија.

Има девојки што ги обожаваат, додека останатите секојпат се прашуваат – зошто? И навистина е нејасно. 

popularni-modni-parchinja-koi-nema-logika-da-gi-nosite-2.png

Ова се популарните модни парчиња кои нема логика да ги носите:

Проѕирен ранец

Која е функцијата на било каква торба изработена од транспарентен материјал? Сезонава се во тренд проѕирните ранци, кои во својата есенска колекција ги понуди и познатиот шпански бренд Zara. Меѓутоа, зошто би откриле на цел град што се крие во внатрешноста на вашата чанта? Освен магнет за крадци, функционалноста на моделите од пластика е еднаква на нула.

popularni-modni-parchinja-koi-nema-logika-da-gi-nosite-3.png

Отворени чизми

На нозете имате чизми, а прстите ви ѕиркаат низ отвори. Зошто?! Ако веќе носите такви обувки, веројатно се подразбира дека сме навлезени во студената сезона, па нема причина од нив да правиме сандали. А, за неверување е колку ваквите модели се всушност популарни.

popularni-modni-parchinja-koi-nema-logika-da-gi-nosite-4.png

Монтка елек

Исто како и за чизмите со отворени прсти, не ни е јасна (не)функционалноста на ова модно парче. Технички, носите зимска јакна, ама без ракави. Да бидеме реални – можете и без монтка елекот, зар не?

popularni-modni-parchinja-koi-nema-logika-da-gi-nosite-5.png

Ролка без ракави

Уште една парадоксалност налик на елекот од погоре. Ролката е едно од најтоплите парчиња облека, но во оваа варијанта таа нема ракави. Можеби естетски изгледа добро и фенси. Меѓутоа, повеќе нé интересира каде и кога ќе го носите ваквиот модел?

popularni-modni-parchinja-koi-nema-logika-da-gi-nosite-6.png

Пластични чизми

Ова се омилените чевли на сестрите од семејството Кардашијан. Едно време ги носеа константно. Од балканската сцена, пак, по нив лудува поп-фолк дивата Јелена Карлеуша. Но, сеедно се бесмислени. По само петнаесетина минути, во овие чизми веќе е насобрана кондензирана вода, по што се замаглува пластиката. А, замислeте си колку ли се неудобни после неколку часа?

popularni-modni-parchinja-koi-nema-logika-da-gi-nosite-7.png

Распарчени фармерки

Не, ова не се скинатите фармерки со процепи на одредени места. Ова се фармерките кои се буквално распарчени, како да сте ги искасапиле со ножица. Покрај тоа што немаат смисла, делуваат и мошне невкусно.

popularni-modni-parchinja-koi-nema-logika-da-gi-nosite-8.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 трендови од 2016, кои се враќаат во мода во 2026, откако сите се опседнаа Од популарните чанти кои ги носеа „it“ девојките, до тенка марама околу врат, бо...
8 трендови за накит кои ќе доминираат во есен 2025 – треба да ги имате и вие Бисери во секоја варијанта, комбинација од жолто-златни и сребрени метали, ланчи...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед....
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...

Најчитани неделава