Ретро модна инспирација: Филмски хероини чиј стил ќе ве инспирира ова лето

Од интересните шапки и очила на Одри Хепберн во филмот „Paris When It Sizzles“, до фасцинантните цветни фустани на Лив Тајлер во „Stealing Beauty“ - стилот на овие хероини е инспирација денес исто како и пред многу години.

retro-modna-inspiracija-filmski-heroini-chij-stil-kje-ve-inspirira-ova-leto-01.jpg

Ако немате премногу идеи за интересни летни комбинации, модниот стил на овие филмски хероини сигурно може да ви помогне.

Модни комбинации од ретро филмови кои би ги посакале ова лето:

Џејн Биркин во La Piscine

Дејствието на оваа драма од 1969 година се одвива едно сончево лето на Азурниот брег. Додека фокусот на приказната е врската меѓу Роми Шнајдер и Ален Делон, невозможно е да се игнорира прекрасната гардероба на Џејн Биркин.

Овој стил многу лесно можете да го копирате, со оглед на тоа што трендот на 1970-тите се враќа во мода.

retro-modna-inspiracija-filmski-heroini-chij-stil-kje-ve-inspirira-ova-leto-02.jpg

Одри Хепберн во Paris When It Sizzles

Соработката на познатиот моден дизајнер Ибер де Живанши и волшебната Одри Хепберн резултираше со најубавите костими во историјата на светската кинематографија.

Неверојатни парчиња во боја на сладолед, почнувајќи од елегантните костуми во боја на јагода, преку совршено скроени костуми во боја на ф’стак, до софистицираниот свилен фустан во боја на кајсија.

Во комбинација со прекрасни марами и шапки, јасно е зошто овој стил сè уште плени со еднаков интензитет.

retro-modna-inspiracija-filmski-heroini-chij-stil-kje-ve-inspirira-ova-leto-03.jpg

Лив Тајлер во Stealing Beauty

Оваа возбудлива приказна од 1996 година го следи животот на една млада девојка (Лив Тајлер) која оди во Тоскана за да го бара својот биолошки татко. Таа го поминува летото во сончање и вечерни забави.

И, секогаш е облечена совршено!

Нејзината љубов кон весели цветни дезени совршено се вклопува во трендовите за ова лето.

retro-modna-inspiracija-filmski-heroini-chij-stil-kje-ve-inspirira-ova-leto-04.jpg

Џин Сиберг во Bonjour Tristesse

Неодоливата фризура на шармантната актерка Џин Сиберг стана синоним за шик уште во филмот на Годар, À Bout de Souffle. 

Сепак, нејзиниот стил можеби е уште поимпресивен во филмот Bonjour Tristesse кој одлично се вклопува со сегашните трендови.

retro-modna-inspiracija-filmski-heroini-chij-stil-kje-ve-inspirira-ova-leto-05.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg