Зошто морнарскиот дезен никогаш нема да излезе од мода?

Се работи за безвременски летен тренд што секогаш изгледа свежо и неодоливо. Затоа ригестиот дезен е сè уште голема инспирација за модните креатори, исто како што беше и порано. Се работи за иконски стил што никој не остава рамнодушен.

mornarskiot dezen nikogas nema da izleze od moda 01

Но, што е тоа што го прави ова едноставно парче, како маица со сини и бели ленти, толку неодоливо со децении?

Оваа култна облека била најпопуларна во 1950-тите, во голема мера благодарение на многуте познати личности кои го прифатиле овој тренд. Актери, уметници, музичари, модели, интелектуалци, па дури и велосипедисти – сите сакале да носат морнарски маици.

Брижит Бардо и Пабло Пикасо носеле ригести маици како свој заштитен знак. Морнарскиот стил го сакале Џејмс Дин и Одри Хепберн.

Популарноста на морнарскиот стил не е намалена, бидејќи многу славни дами, како Кејт Мос, Алекса Чанг, Оливија Палермо и Софија Копола сè уште уживаат во овој стил.

Модниот дизајнер, Жан Пол Готје честопати носи маички со морнарски принт, кој, исто така, се провлекува низ неговите колекции.

mornarskiot dezen nikogas nema da izleze od moda 02

Од каде потекнува овој моден стил?

Според бројни извори, бретонската маица е создадена како одговор на официјалниот чин на француската влада на 27 мај 1858 година. Така, сега веќе познатата сино-бела ригеста кошула, станала официјална униформа на морнарицата во Бретања.

Оригиналниот дизајн содржел 21 лента, по една за секоја победа на Наполеон. Се верувало дека наизменичните светли и темни ленти ќе ги направат морнарите полесно видливи во брановите.

mornarskiot dezen nikogas nema da izleze od moda 03

Во светот на модата овој принт го вовела познатата Коко Шанел, инспирирана од француската ривиера.

Ова бил пример во кој Коко инспирацијата ја пронашла во машката облека, за од неа да создаде елегантна и удобна женска облека.

Останатото е историја…

zosto-mornarskiot-dezen-nikogas-nema-da-izleze-od-moda-2-02.jpg

zosto-mornarskiot-dezen-nikogas-nema-da-izleze-od-moda-2-03.jpg

zosto-mornarskiot-dezen-nikogas-nema-da-izleze-od-moda-2-01.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...

Најчитани неделава