Изуми на Коко Шанел за кои жените засекогаш ќе ѝ бидат благодарни
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Изуми на Коко Шанел за кои жените засекогаш ќе ѝ бидат благодарни

Коко Шанел е можеби најпознатата дизајнерка на сите времиња, и тоа со причина. Модната пионерка им овозможи на жените да се облекуваат послободно и создаде култни модни предмети кои ги носиме и денес.

izumi-na-koko-shanel-za-koi-zhenite-zasekogash-kje-i-bidat-blagodarni-01.jpg

Во продолжение погледнете ги најголемите модни изми на Коко Шанел за кои сите жени ѝ се благодарни:

Бижутерија

Речиси и да не можете да најдете фотографија од Коко Шанел без нејзините лажни бисери. Всушност, таа била првата што почнала да дизајнира бижутерија – правела накит од синџирчиња, бисери и стакло и го комбинирала со нејзината облека.

Идејата за бижутерија ја добила сакајќи да им помогне на сите жени да можат да си дозволат накит.

izumi-na-koko-shanel-za-koi-zhenite-zasekogash-kje-i-bidat-blagodarni-02.jpg

Женски панталони

Пред 80-тина години, панталоните беа парче облека наменето само за мажи, но Коко Шанел засекогаш го промени ова.

Таа сметала дека и жените ја заслужуваат слободата што ја нудат панталоните, а пресвртот се случил кога сфатила дека не може да јава коњ со здолниште.

izumi-na-koko-shanel-za-koi-zhenite-zasekogash-kje-i-bidat-blagodarni-03.jpg

Женски костими

Коко ја добила идејата за женски костими од машките одела. Костимите станале совршената комбинацијата за жените кои сакале да градат кариери во свет каде што доминирале мажите.

izumi-na-koko-shanel-za-koi-zhenite-zasekogash-kje-i-bidat-blagodarni-04.jpg

Маица со морнарски риги

Коко црпела многу инспирација од нејзиниот дом, па додека ги набљудувала француските рибари со маици со риги, сфатила дека тие ќе изгледаат одлично и на жени.

Коко ја дизајнирала наједноставната верзија на маица со риги, а подоцна дизајнот е префрлен и на обувки, чанти и други додатоци.

izumi-na-koko-shanel-za-koi-zhenite-zasekogash-kje-i-bidat-blagodarni-05.jpg

Темен тен

На почетокот на 20-тиот век во мода бил светлиот ден, а црната кожа се поврзувала со ниската, односно работничката класа.

Но, еднаш Коко случајно изгорела, а кога се вратила во Париз сите се восхитувале на нејзиниот нов тен. Па така сончањето стана тренд што никогаш нема да остаре.

izumi-na-koko-shanel-za-koi-zhenite-zasekogash-kje-i-bidat-blagodarni-07.jpg

Мал црн фустан

Денес речиси и да нема жена што не поседува мал црн фустан, а доколку имате и вие, заблагодарете ѝ се на Коко Шанел. Коко сакала да создаде фустан што ќе им биде достапен на жените од сите слоеви.

Црниот фустан може да се носе на безброј начини, па Коко го направила најпосакуваното парче облека. Малиот црн фустан прв пат бил претставен во 1926-та година и до денес ја има истата моќ.

izumi-na-koko-shanel-za-koi-zhenite-zasekogash-kje-i-bidat-blagodarni-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 модни лекции кои мора да ги знае секоја модерна дама Одберете жена чиј стил ве инспирира. Најдовте некое навистина вредно парче? Купе...
Модни правила по кои се води Меган Маркл, а може да ги следите и вие з... Меган Маркл секогаш изгледа совршено од глава до пети, иако не носи скапи парчињ...
Моден водич за мажи и жени: Како да носите одело со патики? (фото) Во очекување на потопли и сончеви денови, време е да почнеме да размислуваме за ...