На кои работи треба да обрнете внимание кога купувате нови чевли?

Дајте ѝ ги вистинските чевли на жена, и таа ќе го освои светот. 

5-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-novi-chevli-01.jpg

Веројатно сте ја слушнале оваа фраза досега. A, не е тајна дека совршениот пар чевли навистина може да ви ја зголеми самодовербата, без разлика дали тоа се балетанки, патики или чевли со високи потпетици.

Всушност, доколку одбирате внимателно, чевлите можат да ви станат најголемиот сојузник.

Затоа, добро е да знаете на кои нешта треба да обрнете внимание пред да го најдете совршениот пар за вас:

Нозе

Високи потпетици: Важно е да обрнете внимание на вашите нозе. Доколку имате пошироки нозе и облечете здолниште и чевли со тенки потпетици, вашите нозе ќе изгледаат уште пошироко. Ако имате поголеми листови и глуждови, секогаш одбирајте чевли со средна или дебела потпетица.

Слаби/дебели нозе: За жените со слаби нозе, најдобрите обувки се оние со детали на глуждовите. Исто добро им стојат чевли со врвки на глуждовите, кои прават нозете да изгледаат малку пошироко. Доколку имате подебели нозе, избегнувајте обувки што ги нагласуваат глуждовите.

Кратки/долги нозе: Доколку имате кратки нозе, најдобро ќе ви стојат обувки што се отворени напред. Истовремено, избегнувајте ги обувките што ги нагласуваат глуждовите. Доколку имате долги нозе, добро ќе ви стои секој модел на обувки.

5-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-novi-chevli-02.jpg

Прилика

Важно е да ги одберете вистинските чевли за вистинската прилика. На овој начин секогаш ќе оставате добар впечаток.

На пример, доколку сте на некој важен настан, избегнувајте ги лежерните обувки.

Исто важна е и висината на потпетиците, особено ако треба долго да ги носите чевлите. Експертите препорачуваат дека потпетицата помеѓу 3 и 5 сантиметри е идеална за да ви биде удобно подолго време.

Доколку сепак сакате да носите повисоки чевли, тогаш одберете модел со платформа. Платформите ќе го подобрат држењето на телото и ќе ги намалат негативните последици.

5-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-novi-chevli-03.jpg

Боја

И бојата на чевлите може да биде одредувачки фактор. На пример, црните чевли, особено со ремче, би им стоеле добро на високите жени. Но доколку сте пониски, овие чевли ќе направат да изгледате уште помало.

Чевлите со неутрална боја од друга страна, визуелно ги издолжуваат нозете, па се совршени за пониските жени.

Се разбира, не заборавајте дека бојата на чевлите треба да одговара и со облеката што ја носите.

5-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-novi-chevli-04.jpg

Визуелни ефекти

Врвот на чевлите може да ја промени перцепцијата за стапалото и да направи да изгледа пошироко, потесно, пократко или подолго.

Чевлите со шпиц имаат издолжувачки ефект. Ако сакате да изгледате повисоко, комбинирајте ги овие чевли со панталони со слична нијанса. Доколку имате многу слаби нозе, избегнувајте ја оваа комбинација.

Чевлите со четвртест врв не се препорачливи за жените со пошироки глуждови. Наместо тоа, доколку не сакате чевли со шпиц, одберете модел со заоблен врв.

5-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-novi-chevli-05.jpg

Стил

Стилот е можеби најважното нешто што треба да го земете предвид. Без разлика што диктираат модните трендови, најдобрите чевли за вас се оние што ви се удобни и што го отсликуваат вашиот стил.

Доколку сакате „поженствена“ облека, тогаш веројатно повеќе сакате чевли со високи потпетици. Доколку се облекувате полежерно, тогаш веројатно ќе сакате низок модел.

Воглавно, следете го вашиот инстинкт и купете го моделот што сметате дека ви стои најдобро.

5-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-novi-chevli-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...
9 грешки што ги правите кога купувате чевли (и потоа нозете ве болат) Чевлите што изгледаат прекрасно во излогот на продавницата, можеби и не се толку...
Македонка во популарните чевли со одвоен палец, кои станаа хит меѓу модните блогерки Чевлите со одвоен палец се инспирирани од јапонските таби чорапи, па се наречува...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg