5-те најголеми модни промашувања на славните за изминативе 10 години

Без разлика што познатите имаат цел тим кој се грижи за нивниот изглед, и тие не се имуни на модните грешки. А, некои од нив се толку катастрофални, што можат да ги прогонуваат со години.

top-5-modni-utki-na-slavnite-za-izminative-10-godini-01.jpg

Една анкета покажала дека преголемите чевли на Меган Маркл и цветниот фустан на Ким Кардашијан се најголемите модни утки за оваа деценија.

Во анкетата учествувале над 8 милиони жени, кои гласале за најлошите модни избори на познатите за изминативе 10 години.

„Победниците“ можете да ги погледнете во продолжение:

Џема Колинс

38-годишната британска ријалити ѕвезда во 2017-та година го подели мислењето на јавноста. Причината беше нејзиниот фустан од Gerda Truubon.

Џема го комбинирала портокаловиот фустан со широки рамена со бронзени модни додатоци.

Иако ѕвездата е модна инспирација за многу плус-сајз жени, мнозинството се согласуваат дека ова е нејзиното најлошо издание.

top-5-modni-greshki-na-slavnite-za-izminative-10-godini-02.jpg

Лејди Гага

Нема некој што не се сеќава на фустанот „од месо“. 33-годишната пејачка зазеде политички став, кога на доделувањето на VMA во 2010-та се појави во фустан направен од аргентинско говедско месо.

Гага откри дека значењето на фустанот може да се толкува на неколку начини, но и дека покажува дека таа не се гледа како „парче месо“.

top-5-modni-greshki-na-slavnite-za-izminative-10-godini-03.jpg

Мајли Сајрус

Мајли ги помести границите на модата со неколку комбинации кои го привлекоа вниманието на доделувањето на MTV наградите во 2015-та.

27-годишната пејачка дојде на настанот со сребрен костим што оставаше малку простор за фантазирање.

Подоцна Мајли се појави уште во неколку контроверзни комбинации, вклучувајќи и транспарентен фустан од Versace.

top-5-modni-greshki-na-slavnite-za-izminative-10-godini-04.jpg

Ким Кардашијан

Неодамна, Ким откри дека фустанот од Givenchy што го носеше на Мет галата во 2013-та правел да се чувствува несигурно.

39-годишната ѕвезда тврди дека била советувана од најдобрите од модната индустрија да облече цветен фустан во бременоста. Подоцна, таа откри дека буквално плачела кога ги видела шегите на интернет на нејзина сметка.

top-5-modni-greshki-na-slavnite-za-izminative-10-godini-05.jpg

Меган Маркл

И војвотката од Сасекс се најде на листата, но не поради лошата облека, туку поради преголемите чевли.

Во 2017-та година, кога ја објавија свршувачката со принцот Хари, Меган носеше чевли од брендот Aquazzurra, за кои сите забележаа дека се преголеми.

top-5-modni-greshki-na-slavnite-za-izminative-10-godini-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...

Најчитани неделава