Кои се тајните на италијанките

otkrieni-tajnite-na-italijankite-povekjeИталијанките важат за едни од најпривлечните жени на светот. Не станува збор дека сите имаат специфична природна убавина, но тие- едноставно зрачат.

 

Во што е нивната тајна?

otkrieni-tajnite-na-italijankite

1. Најважните личности треба да ги сакате најмногу. Секое утро потсетете се колку сте значајни и колку е важно да се сакате себе си. Започнете го утрото полни со самодоверба. Италијанките знаат дека кога е во прашање убавината, привлечноста започнува од внатре.

2. Немојте да јадете салата, ако ви се јадат тестенини. Следете го својот вкус и желба и немојте премногу да се воздржувате затоа што ќе бидете незадоволни, а со тоа и несреќни. Секако, не треба да јадете се што би ви е при рака, туку умерено, но јадете го она што ви се јаде.

3. Немојте да чекате пролет за да ги издепилирате нозете. Без оглед на годишното време, секогаш бидете уредни. Депилирајте се, средете ги веѓите, направете пилинг, негувајте ја кожата со хидратантни средства...

4. Купете квалитетен градник. Градник кој ви стои совршено е секогаш добра инвестиција. Го носите секој ден, па никогаш не чини премногу. Долната облека секогаш треба да ви биде привлечна, за да се чувствувате добро во сопствена кожа.

5. Да, облечете го тоа! Ако видите нешто што ви се допаѓа, а страв ви е што ќе кажат другите за вашиот избор, заборавете на туѓото мислење и облечете го она што ви прави мерак! За да им се допаднете на другите, мора прво да си се допаднете себе си. Подобро е да го следите сопствениот вкус, отколку туѓото мислење!

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд и ќерка ѝ гламурозни, Деми Мур во проѕирен фустан – Гала вечер со највпечатливи креаци... Каја Гербер повторно покажа дека е убавица на мајка ѝ и двете зрачеа, Деми Мур н...
Предлог комбинации со плетени панталони – новото омилено парче за есен и зима (фото) Меки и удобни, плетените панталони се идеални за лежерните комбинации кога темпе...
Марјана Станојковска во „гол“ фустан, Агнеса во впечатливи сандали - Што облекоа гостите на Influenc... Забавата беше замислена како вечер под маски, па гостите својот стајлинг го комб...
Вирална кошула од ZARA која сите ја имаат сезонава – совршена за на работа (фото) Кошулата со сини и црвени пруги и голема панделка околу вратот изгледа како сите...
Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2026: Што облекоа посетителите? (фото) Модната дама Маја Ацески во транспарентен аутфит со точки и впечатлив металик ма...
Весна (61), стоматолог од Куманово, модно издоминира меѓу посетителите на Моден викенд Скопје 2026 Од плишани ракавици и масивен прстен до шапки и нокти со специјални украси, Весн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg