Како да разликувате копија од оригинал Pandora и уште 3 брендови кои најчесто ги лажираат
Со цел да го привлечат вниманието на купувачот, продавниците се подготвени на сé, дури и на лажирање на светски познати брендови кои се синоним за квалитет и долготрајност.

Па, ако купивте Pandora бразлетна и ви потемни или ја промени бојата за месец цена – не е Pandora.
Исто важи и за Michael Kors чантите, за New Balance патиките, како и за Supreme дуксерите кои може да се уништат по првото перење.
Па, како да ги разликувате овие 4 брендови од нивните евтини копии?
Pandora бразлетни

- Среброто на Pandora никогаш не е сјајно на светлина. Произведувачот користи техника со оксидирање која на среброто му дава уникатна нијанса.
- Новите Pandora приврзоци никогаш немаат неправилни закривувања на нив.
- На буквата O на логото секогаш има изгравирано мала, црна круна.
- Стаклените приврзоци никогаш немаат меурчиња или гребнатинки на нив, ако се оригинал Pandora.
New Balance патики

- Логото на оригиналот е испринтано насекаде по патиката – позади, на страна, на јазикот, на страна од гумата, на самите гуми и на внатрешноста.
- Логото N кое се наоѓа странично на патиката секогаш е од посебен, додаден материјал, никогаш не е испринтано на патиката.
Michael Kors чанти

- Оригиналот доаѓа со етикета во крем броја, на која се испишани основните информации за артиклот – како серискиот број, материјалот, бојата, големината на чантата, цената во долари и посебен баркод.
- Сите додатоци на чантата го имаат изгравирано името на брендот, никогаш не е испечатен. Ова се однесува на патентот, украсните метални парчиња и слично.
- Оригиналните Michael Kors чанти не го губат обликот, дури и кога ќе ги спакувате во кеса за подарок.
Supreme дуксери

- На Supreme дуксерите има само 2 логоа на брендот – кај градите и на задниот дел кај грбот од внатрешна страна.
- Земја на потекло би требало да е Канада.
- Врвките на оригиналните дуксери се дебели и добро врзани на краевите. Врвките во облик на јаже или со метални завршетоци се јасен знак дека купувате копија.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 модели на чанти кои ќе доминираат по крајот на летото – хит за есен 2025
Змиски принт, големи чанти во кои собира и облека за викенд патување, кафеави ча...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025
Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026
Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
Модели на чанти што ќе ги гледаме насекаде во 2026-та
Големите чанти повторно се хит, а доста популарни се и моделите со крзно или со ...
Розови влечки и лакирани нокти за црвениот тепих - Џејсон Момоа со смел моден избор, откако дојде со...
Актерот, кој често знае да изненади со својот моден избор, и овој пат привлече в...
„И на 43 години носам мини фустанчиња - зошто никогаш не сме престари за тоа?“
„Го обожавам изгледот на мини фустан, но на 43 години мислев дека тие денови се ...