Како да носите тексас шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото)

Тексас шорцевите не мора да изгледаат вулгарно на вас ако знаете да го одберете моделот и правилно да ги искомбинирате - до кои правила да се држите?

kako-da-nosite-teksas-shorcevi-a-da-ne-izgledate-vulgarno-foto-01.jpg

Како што поминуваат годините, така многу девојки и жени забораваат на тексас шорцевите, сметајќи ги за вулгарно парче облека.

Ако сте од оние кои сметате дека тексас шорцеви не ви личи на годините или мислите дека мора да се кратки и непристојни – се лажете.

За лежерни пригоди и прошетки во топлите денови, имате право да го облечете омиленото парче облека, во кое ќе изгледате модерно, пристојно и ќе се чувствувате удобно.

Со цел да не направите модно промашување, важно е да се водите по следните правила:

- Бирајте пошироки модели кои нема да ви бидат залепени за телото.

- Избегнувајте ги кратките модели кои се до под или над задникот.

- Комбинирајте ги со кошула, поширока маичка или блуза, наместо со кроп-топ и други отворени парчиња облека.

- Бирајте едноставни модели без скинати парчиња, чипка или други додатоци.

Секако, за на плажа може да си дозволите каков модел сакате, но за разни секојдневни пригоди, пожелно е да се држите до побезбедна варијанта. 

Инспирација за пристојни, модни комбинации со тексас шорцеви:

М. М. |Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 тексас парчиња кои ќе бидат тренд во лето 2026 (и во кои ќе ги „преживеете“ жештините) Ако сте од оние кои не се откажуваат од тексас дури ни во лето, овие модели се з...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...

Најчитани неделава