7 модни трендови кои никогаш не излегуваат од мода

Светот на модата се менува од сезона во сезона, а некои од модните стилови што беа „ин“ пред десетина години, сега и тоа како се под „знак прашалник“.

7-modni-trendovi-koi-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda-01.jpg

Несомнен е фактот дека модата кружи, одредени модни парчиња се враќаат и повторно заминуваат, но постојат и такви чиј „моден рок“ веројатно никогаш нема да истече.

Во продолжение ви ги претставуваме култните модни погодоци, величени од страна на многубројните светски дизајнери:

1. Кожена јакна

Некогаш, задолжителен дел на рок и метал културата, како и заштитен знак на мотоциклистите, а во денешно време, дефинитивно еден од најголемите „унисекс“ модни симболи.

Кожени јакни носат луѓе од сите возрасти. Од класична црнa, кратка или долга, со или без патент, црвена, жолта, зелена… Кожените јакни се носат насекаде и се секогаш вистинскиот избор.

7-modni-trendovi-koi-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda 02 630x380.jpg

2. Црн фустан или здолниште

Коко Шанел во светот на модата го внесе таканареченото „мало црно фустанче“, кое и ден-денес , по речиси 100 години е број еден кај женската популација.

Постојат безброј варијации, со или без ракави, но во секој случај едно од најкласичните модни парчиња.

7-modni-trendovi-koi-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda 03 630x380.jpg

3. Спортска елеганција

Спортската облека веќе одамна престана да биде дел од исклучиво спортските активности и натпревари. Денес, овој тип на облека го носат сите.

Освен патиките, тренерките, спортските јакни, дуксери и хеланките се дел од секојдневниот стил на облекување, а честопати можеме да ги видиме во комбинација со високи потпетици, што било неспојлива комбинација за генерациите од минатото.

Сепак, ова е многу индивидуално и не секој го прифаќа овој тренд.

7-modni-trendovi-koi-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda 04 630x380.jpg

4. Фармерки

Откако се појавија, фармерките се составен дел од секој гардеробер.

Денес, како и некогаш, покрај разните бои и нијанси, исечоци и додатоци, шарени материјали, едни од најпопуларните фармерки се „искинатите“ фармерки, како и „mom“ фармерките кои се шик, без разлика со што ќе ги искомбинирате.

Во секој случај, фармерките се секогаш во мода и со нив никогаш нема да направите погрешен избор.

7-modni-trendovi-koi-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda 05 630x380.jpg

5. Старки

Овие патики некогаш беа исклучиво спортски обувки, а потоа дел од панк-културата.

Денес, покрај многуте изминати години овие старки ги носат сите, од најмладите до најстарите генерации и тие станаа едни од најпопуларните патики во историјата на модата.

7-modni-trendovi-koi-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda 06 630x380.jpg

6. Црна ролка

Црната ролка за првпат се појавила во средината на 16 век и ја носеле членови на англиската аристократија.

Сепак, моментот на слава се случил на крајот на Втората светска војна кога пост-окупаторскиот тим од Париз ја претставил како модно парче кое „мора да се има“.

Истото „правило“ важи и денеска. Црната ролка е одраз на човечката самодоверба и елеганција.

7-modni-trendovi-koi-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda 07 630x380.jpg

7. Црно сако

Во зависност од сезоната, кројот и материјалот може да варира, но црното сако можете да го носите секогаш и секаде.

Идеално за вечерно излегување, работа, денска прошетка, прв состанок... Искомбинирајте го со кошула, маичка или ролка, секако ќе изгледате одлично.

7-modni-trendovi-koi-nikogash-ne-izleguvaat-od-moda 08 630x380.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
Модни трендови од раните 2000-ти кои денес изгледаат смешно Некои трендови никогаш не би сакале да се вратат, на пример здолништа преку фарм...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
10 грешки поради кои фармерките не ви стојат добро Не носите колан со тесните фармерки со висок струк и купувате модели со ниско по...
10 работи што некогаш ги носевме во лето, а сега треба да ги исфрлиме од нашиот плакар Тесната облека е вистински непријател на летните горештини. Избегнувајте парчиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg