10 заблуди поради кои никогаш нема да бидете модна икона

„Бидејќи го купив ова скапо брендирано парче ќе го носам постојано за да ми се исплати.“ - Штедевте долго и посакуваната чанта конечно е ваша, но тоа не значи дека треба да ја носите 365 дена во годината.

10-zabludi-poradi-koi-nikogash-nema-da-bidete-modna-ikona-01.jpg

Дали сакате да изгледате модерно и да бидете препознатливи по својот стил, но тоа некако не ви оди од рака?

Кои модни грешки ги правите?

Заблуди поради кои никогаш нема да бидете модна икона:

„Облеката не го отсликува човекот.“

Во ред е што верувате во ова, но oблеката дефинтивно кажува многу за вас и влијае на вашата самодоверба.

10-zabludi-poradi-koi-nikogash-nema-da-bidete-modna-ikona-01.jpg

„Ќе купам помал број, па ќе ослабам.“

Ова е една од најчестите модни грешки. Најверојатно ќе го носите парчето без да симнете килограми и нема да ви прилега добро.

„Не треба да трошам многу пари на облека – модата се менува.“

Да, жешките трендови може да заминат во заборав за 6 месеци, но инвестирањето во класични парчиња, чевли и чанти со добар квалитет е сосема во ред, тие ќе ви траат многу повеќе од една сезона.

10-zabludi-poradi-koi-nikogash-nema-da-bidete-modna-ikona-02.jpg

„Жената мора да остане жена.“

Ова значи дека по секоја цена сметате дека треба да изгледате екстремно женствено и да имате слатки модни додатоци, односно не сакате носење патики, машки модели на чевли или износени фармерки. Водејќи се од оваа филозофија вие си скратувате многу стилски комбинации.

10-zabludi-poradi-koi-nikogash-nema-da-bidete-modna-ikona-03.jpg

„Никаде не се оди без високи потпетици.“

Самодовербата дефинитивно не зависи од висината на вашите потпетици. Добриот стил се крие токму во способноста за комбинирање и тоа на патики со кусо фустанче на пример или рамни чизми со миди здолниште.

10-zabludi-poradi-koi-nikogash-nema-da-bidete-modna-ikona-05.jpg

Уште 5 заблуди на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Водителката на „Никад није касно“ е модна дама на 60 години - партнерот ја оставил бремена со близна... Партнерот ја напуштил додека била бремена со близнаците Бобан и Бојан, но таа ка...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Серена Вилијамс видно ослабена, ќерката на Кејт Мос убавица – Познатите дами на Gucci настан во Мила... Гвинет Палтроу се појави во шарите на Gucci од глава до пети, Серена Вилијамс го...

Најчитани неделава