Мали модни грешки што можат да ја расипат и најдобрата комбинација


Мали модни грешки што можат да ја расипат и најдобрата комбинација

Постојат неколку модни грешки кои иако мали, можат да го уништат целиот ваш изглед. Повеќето луѓе ги прават овие грешки бидејќи не ни обрнуваат внимание на ваквите ситници, но добро би било да ги избегнувате бидејќи дефинитивно се забележливи.

mali-modni-greshki-shto-mozhat-da-ja-rasipat-i-najdobrata-kombinacija-01.jpg

Добриот изглед не значи дека треба да потрошите цело богатство на облека и додатоци – некогаш потребно е само да обрнете внимание и на ситниците за да изгледате беспрекорно.

Погледнете кои се грешките што можат да ја уништат и вашата најдобра модна комбинација:

Панталони што се влечат по земјата

Нормално е широките панталони да бидат подолги, но не и да се влечат по земјата. Најдобро е ногавиците на панталоните да завршуваат околу еден сантиметар од земјата.

Кога ги купувате (или кратите) панталоните, не заборавајте да мерите според чевлите со коишто планирате да ги носите.

mali-modni-greshki-shto-mozhat-da-ja-rasipat-i-najdobrata-kombinacija-02.JPG

Погрешен број чевли

Можеби никој нема да забележи ако чевлите се некој број поголеми или помали, но вие сигурно ќе ги почувствувате последиците.

Чевлите секогаш треба да ви бидат точни за да ви ја дадат потребната поддршка и за да ги избегнете проблемите како болки и неправилно држење на телото.

Покрај тоа, ретко кој може да оди нормално со чевли со погрешен број, а ова дефинитивно е забележливо.

mali-modni-greshki-shto-mozhat-da-ja-rasipat-i-najdobrata-kombinacija-03.JPG

Видлива долна облека

Кога правите модна комбинација, мора правилно да ја одберете и долната облека. Дури и да ја носите најубавата блуза, таа нема да изгледа добро ако ви се проѕира градникот.

mali-modni-greshki-shto-mozhat-da-ja-rasipat-i-najdobrata-kombinacija-04.jpg

Иста чанта за секоја пригода

Важен детаљ во секоја модна комбинација е и чантата.

Нормално, не секој може да купи многу чанти, но нема ни потреба од тоа. Сосема доволно е да имате една чанта за лежерни и една за посвечени комбинации.

mali-modni-greshki-shto-mozhat-da-ja-rasipat-i-najdobrata-kombinacija-05.jpg

Разбушавено репче

Иако неуредните пунџи и репчиња се хит, сепак не треба да бидат премногу бушави.

Кога ја собирате косата во опавче, ќе изгледа многу подобро ако ја соберете поцврсто, наместо да оставете прамени разлетани на сите страни.

mali-modni-greshki-shto-mozhat-da-ja-rasipat-i-najdobrata-kombinacija-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 модни грешки кои сите ги правиме Купувате чевли на висока потпетици во кои не е можно да се движите. Носите иста ...
Редење со злато и уште 9 грешки поради кои никогаш нема да бидете модна икона Носите свилена долна облека со тантела за во теретана. Носите црни чевли за секо...
12 кимоно наметки за шик дневен изглед Како замена за фустан, мантил, кошула или класична наметка, повеќенаменското ким...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg