„Круша под круша паѓа“ - наследнички на супермоделите од ’90-тите чија убавина ќе ве воодушеви

Ќе се согласиме, називот „супермодел од деведесеттите“ има навистина посебен шарм.

Krusha-pod-krusha-pagja-naslednichki-na-supermodelite-od-90-tite-chija-ubavina-kje-ve-voodushevi 01 630x330.jpg

Во тоа време манекенките Кејт Мос, Наоми Кемпбел, Синди Крафорд, Линда Еванџелиста, Клаудија Шифер и многу други, заедно го создадоа имиџот на најголемите модни брендови.

Но, не залудно велиме – „круша под круша паѓа“, и тоа не е исклучок ниту во овој случај.

Ќерките на дел од гореспоменатите дами моментално ги следат нивните стапки и мора да признаеме дека тоа го прават одлично.

Во продолжение погледнете како изгледаат наследничките на најпознатите супермодели од ’90-тите:

Каја Гербер

Синди Крафорд и нејзиниот сопруг, поранешниот модел Ренди Гербер, имаат две деца - ќерката Каја и синот Присли.

21-годишната Каја Гербер ја започна својата манекенска кариера на шеснаесет години и веќе важи за една од најпосакуваните медиумски и модни личности денес.

Таа продолжува да ја гради својата манекенска кариера со кампањи за брендовите Saint Laurent, Calvin Klein, Celine и Jimmi Choo и насловните страници на најголемите светски модни списанија.

Лили-Роуз Деп

Ванеса Паради, мајка на 23-годишната Лили-Роуз Деп, француска манекенка, беше позната во ’90-тите по својата нежна, женствена убавина, талентот за пеење и бракот со популарниот актер Џони Деп.

Лили-Роуз како тинејџерка влезе во светот на медиумите, а денес ја знаеме како успешна актерка во филмовите Silent Night, Voyagers и The King.

Покрај тоа, Лили-Роуз редовно работи со нејзината мајка како амбасадор на брендот Шанел.

Лила Грејс Мос

Ќерката на Кејт Мос е на одличен пат да стане супермодел како нејзината мајка. Лила Грејс Мос е ќерка на Кејт Мос и нејзиниот поранешен партнер Џеферсон Хак.

Таа дебитираше како модел на ревијата на Miu Miu, а со Кејт Мос се појавува и на бројни ревии и фотографирања.

20-годишната Лила веќе има соработувано со многу модни куќи, меѓу кои Versace, Fendi и Richard Kuinn, а освен со манекенство, во иднина да се занимава и со некој друг бизнис во модниот свет.

Лили Мекменами

Лили Мекменами е модел на високата мода која е позната по својот уникатен изглед, стил на облекување и држење на телото.

Како и нејзината мајка, супермоделот Кристен Мекменами - таа ја започна својата модна кариера скромно. На 18-годишна возраст се пресели во Париз, каде работеше како келнерка и полека се проби во светот на високата мода.

Денес, Лили може да се пофали со кампањи за брендовите Louis Vuitton, Fendi, Moschino, Balmain i Kenzo.

Лени Олуми Клум

По стапките на нејзината мајка, ќерката на Хајди Клум станува модна ѕвезда.

Лени (18) својата модна кариера ја развива во родната Германија и станува сѐ попрепознатливо модно име во светската индустрија.

Заедно со Хајди Клум се појави на разиграната насловна страница на магазинот Vogue, ја претстави својата модна колекција наречена About You и сѐ почесто можеме да ја видиме на црвениот тепих во придружба на мама Хајди и тато Сила.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg