2-годишно девојче од Скопје е мала модна икона на Инстаграм (фото)
Доброосмислени аутфити и талент за позирање, запознајте ја малата Фрида од Скопје, која е хит на Инстаграм.
Фрида е еден од најпознатите мини инфлуенсерки во Македонија, која воодушевува со нејзината харизма и уникатен стил. Таа има 2 и пол години.
Родена е и живее во Скопје. Името го добила по мексиканската сликарка Фрида Кало.
Инстаграм профилот на Фрида има близу 8.000 следбеници, а го води нејзината мајка.
На нејзиниот профил можете да ги видите уникатните модни комбинации на оваа мала модна икона, но и искуства и совети од стручни лица за доење, исхрана, несоница кај бебиња и деца.
Нејзиниот профил е различен од другите и по тоа што целиот фокус е ставен на Фрида, односно во нејзините објави не се појавуваат нејзините родители, што овој профил го прави дополнително интересен.
По примерот на светските мини инфлуенсери, а поради недостаток кај нас на еден моден детски профил, мајката на Фрида се одлучила да го создаде профилот на малата Фрида.
Првично профилот бил заклучен и служел како платформа во кои ќе се објавуваат фотографиите од Фрида и нејзините модни комбинации, но само за себе, за да подоцна го отклучи профилот и тие модни комбинации станат достапни и до јавноста.
Фотографии од профилот на малата модна икона:
Повеќе фотографии на следната страна...
Би можело да ве интересира:





